Атина ја иритира ставот на Србија кон Македонија и Косово

Официјална Атина ја иритираат ставовите на Србија во врска со Македонија и Косово, објави порталот на атинската телевизија Скај, повикувајќи се на извори од грчкото Министерство за надворешни работи.Според тие извори, Атина проценува дека Србија „во последно време повлекла серија несфатливи потези, вршејќи притисок во Европската унија за решавање на проблемот со името на Македонија, но и информациите за наводен притисок врз Грција за признавање на Косово“.
Имено, елевизијата тврди дека поради „неодамнешните провокативни потези на Белград во врска со Косово и називот Македонија, Атина вложи официјален протест до српската Влада“.
Во врска со тврдењата во некои српски медиуми дека Грција планира да го признае Косово, „изворите на Скај во грчкото Министерство навеле дека Атина во целост ги спроведува договорите склучени од 2000 до 2013 година, што ѝ е познато и на Владата на Србија“.
Според понатамошните информации, Србија се обидува да ги подобри односите со Косово, наспорти јавната слика што ја создава по тоа прашање на домашната сцена, а признавањето на Косово од страна на Атина „не е работа на сегашниот момент и дека Грција ја води својата надворешна политика која се базира на националните интереси“.
Изворите навеле дека Атина веќе седум години наназад ја поддржува кандидатурата на Србија за прием во ЕУ, иако Белград своевремено „побрзал да ја признае Македонија поради своите тесни интереси“, стои на крајот од текстот.Според тие извори, Атина проценува дека Србија „во последно време повлекла серија несфатливи потези, вршејќи притисок во Европската унија за

Пронајдете не на следниве мрежи: