Аткинсова диета – навистина делотворна!

Оваа диета е ниско-јаглехидратна диета, која е направена од д-р Роберт Аткинс. Диетата стана вистински тренд, бидејќи е навистина делотворна!Оваа диета е навистина корисна, бидејќи не ма да гладувате, а и резултатите се брзо видливи.
Прекумерното консумирање на јаглехидрати, особено шеќер и бело брашно, го зголемува нивото на инсулин, води до нарушување на балансот на шеќер во крват и предизвикува зголемување на тежината и кардиоваскуларни заболувања.
Аткинсовата диета ги ограничува јаглехидратите, но ги дозволува протеините и добрите масти.
Аткинсовата диета вклучува 4 фази: воведна фаза, фаза на продолжување на загубата на телесната тежина, фаза пред откажување и фаза на доживотно одржување на телесната тежина.
1. фаза
Ова е најстрогата фаза од диетата. Тука треба да ги елиминирате скоро сите јаглехидрати од исхраната. Дозволено е внесување на само 20 грама нето јаглехидрати дневно. Оваа фаза се препорачува да трае 2 недели.
Дозволена храна:
Сите видови месо се дозволени (пилешко, мисиркино, телешко, јагнешко) и најдобро е да го консумирате месоот печено или варено. Исто така можете да јадете и риба и морски плодови, а исто така и јајца.
Од зеленчук може да користите: зелена салата, зелка, карфиол, брокули, домати, пиперки, кромид, спанаќ, модар домат…
Можете да јадете и различни видови сирење, но мора да биде ограничено на 120 грама.

 

Забранета храна:
Сите житни растенија и производи како леб, колачи и тестенини се забранети.
Од зеленчук не треба да се јаде компири, пченка, мешунки и јаткасти плодови.
Во текот на првата фаза, треба да пиете по 8 чаши вода дневно.
2. фаза
Во оваа фаза можете да го зголемите списокот на дозволена храна со повеќе зеленчуци, јаткасти плодови, семиња и овошје како јагоди, боровинки, малинки и капинки.
Зголемувајте го приемот на јаглехидрати со 5 грама секоја недела.
3. фаза
Во текот на оваа фаза, зголемувајте ги јаглехидратите кои ги примате со 10 грама неделно. Целта е да го определите критичното ниво на јаглехидрати за одржување на телесната тежина.
4. фаза
Со оваа фаза, вие треба да ги спроведувате навиките кои ги придобивте со досегашното практикување на диетата, без да се враќате на старите начини на исхрана.Оваа диета е навистина корисна, бидејќи не ма да гладувате, а и резултатите се брзо видливи.
Прекумерното консумирање на јаглехидрати, особ

Пронајдете не на следниве мрежи: