Како што наближуваат новогодишните и божиќните празници, се повеќе се чувствува претпразничната атмосфера и се буди желбата за дарување и дружење кај секој од нас. Токму ова беше инспирација за Атлантик Група, во соработка за Ferrero да организира една предновогодишна заедничка дружба со дечињата од посебните училиште Иднина, СОС Детско Село, Домот за слепи лица Димитар Влахов, Домот за деца без родители 11 Октомври, Дневниот Центар за деца со посебни потреби Железара, како и здружението за Граѓани Дајте ни крилја.
Над 400 дечиња беа пријатно изненадени од вкусните новогодишни подароци – бомбониера Rocher Diamante доби секое од нив, гаранција за уште поголемо уживање во празниците.
„Со наближувањето на Новогодишните празници, оживува и новогодишната бајка, а со неа и легендата за Дедо Мраз. Се буди желбата да ги израдуваме најмладите со новогодишни подароци…Крцкава и слатка Rocher Diamante чоколадна бомбониера доби секое детенце, но она што е навистина скапоцено за нив е нашата посета и вниманието. Овие дечиња се со навистина скромни желби, тие посакуваат само топла насмевка и малку внимание, а за возврат ни пружаат безусловна љубов и благодарност. Сакаме да ја поткрепиме и поттикнеме мислата на дечињата дека празниците се денови кога се случуваат најубавите работи и се остваруваат желбите “, изјавија од Атлантик Група.
Атлантик Група и Ferrero им посакаа на дечињата од овие установи убави празнични моменти, како и уште поубава и повесела 2014 година.Токму ова беше инспирација за Атлантик Група, во соработка за Ferrero да организира една предновогодишна заедничка дру