Зголемувањето на продажбата преку малопродажните партнери целосно го надомести падот на приходите од најголемиот купувач.Атлантик Група, благодарение на подобрувањето на продажбата во првиот квартал на 2017 година забележа значително зголемување на профитабилноста. Добивката пред камати, даноци, депресијација и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 14,6 милиони евра, што претставува зголемување од 4,8 проценти во однос на истиот период од 2016 година, додека нето добивката по малцинските интереси се зголеми за 15,4 отсто – на 7,0 милиони евра. Вкупниот приход од продажба е во износ од 150.1 милиони евра, што во однос на истиот период од минатата година, претставува пад од 2,9 отсто, во голема мера е предизвикан поради престанокот на соработката со најголемиот купувач на приватна трговска марка во делот на Спортската и активна исхрана. Доколку се одземе наведениот ефект, приходите од продажбата во првиот квартал се зголемени за 1,5 проценти.
Стабилни приходи од продажба во регионот
“Во првиот квартал на 2017 година во повеќето деловни сегменти и на повеќето пазари остваривме одлични продажни резултати, како и подобрување на профитабилноста и континуирано намалување на долгот. Доколку се исклучи ефектот од контролираното намалување на обемот на соработка со членовите на Агрокор, најголемиот поединечен купувач на Атлантик Група, а поради настанатите проблеми со ликвидноста и неможноста да ги исполнат обврските кон нас, објавениот раст би бил значително повисок. Започнатиот процес за преструктуирање на Агрокор дава надеж дека во наредните месеци ќе се стабилизира работењето на Групацијата, со што и нашата соработка ќе се врати на нивото пред кризата, со што ќе се постигнат предуслови за уште подобри резултати во наредниот период”, изјави Претседателот на управата на Атлантик Група, Емил Тедески.
Атлантик Група, со зголемувањето на продажбата преку останатите купувачи во првите три месеци успеа во целост да го надомести падот на приходите поради најголемиот регионален малопродажен ланец, па на сите регионални пазари оствари ист приход како и во истиот период од минатата година.
Раст на бизнис и дистрибутвните области
На вкупниот раст на продажбата на Атлантик Група во првото тримесечје најмногу влијаеа стратешките бизнис области: Деликатесни намази со раст од 9,0 проценти, Здравје и нега со раст од 7,2 отсто, Слатко и солено со раст од 2,4 отсто, Кафе со раст од 1,4 и Пијалоци со раст од 0,3 проценти. Исто така, раст забележаа и Стратешката дистрибуивна област Србија, која во споредба со првите три месеци од 2016. Порасна за 2,4 отсто и Стратешката дистрибутивна област Хрватска со раст од 2,3 отсто. Кафето со удел во вкупната продажба од 19,1 отсто се издвојува како најголема поединечна категорија со 28,8 милиони евра приходи од продажба.
Најголем раст во Русија и Босна и Херцеговина
Гледано по пазари, најголем раст од 6,3 отсто е остварен на пазарот во Русија и останатите земји од ЗНД (што претставува 4,6 отсто од вкупните приходи), како и на пазарот БиХ кој е зголемен за 5,9 отсто (и претставува 8,2 отсто од вкупните приходи).
Во однос на пазарите, најголем раст од 6,3 проценти е остварен на пазарот во Русија и другите ЗНД земји (во износ од 4,6 отсто од вкупните приходи), како и на пазарот на БиХ, кој е зголемен за 5,9 проценти (8,2 отсто од вкупниот приход). Хрватскиот пазар, кој поединечно е и најголем пазар со удел од 28,8 отсто, порасна за 5,2 отсто, додека вториот по големина, српскиот пазар, кој во вкупниот приход учествува со 22,4 отсто, се зголеми за 2,5 отсто. Сопствените трговски марки на Атлантик Група учествуваа во продажбата со 66,3 отсто, дистрибуцијата на производи на трговски марки од принципалите со 21,2 отсто, фармацевтскиот ланец Фармација со 8,3 отсто додека произвоите кои Атлантик Група ги произведува како приватни трговски марки за големите деловни системи во земјата и во странство учествуваат во вкупните приходи од продажба со 4,3 отсто.Атлантик Група, благодарение на подобрувањето на продажбата во првиот квартал на 2017 година забележа значително зголемување на профитаби