Атлантик Група потпиша договор за купување на Фудленд

Атлантик Група потпиша договор за стопроцентно преземање на компанијата Фудленд д.о.о. со седиште во Белград и погони за производство во подножјето на Копаоник, во населбата Игрос. Преземањето формално стапува на сила откако ќе биде одобрено од Српската комисија за заштита од конкуренција, кое се очекува на почетокот од наредната година.Во 2014 год. се очекува вкупен промет од осум милиони евра. Аквизицијата на прехрамбената компанија со препознатливиот бренд Бабина тајна (Bakina tajna) и асортиман на производи со врвен квалитет, претставува засилување на асортиманот на Атлантик Група и дополнителен импулс во интернационализацијата на работењето. Производите на Фудленд се присутни во повеќе од 20 земји, а околу една третина од вкупното производство се извезува на пазарите надвор од регионот. (Западна Европа, Америка, Австралија, Русија, Јапонија).
„Понатамошниот развој на компанијата и производите бара значителни вложувања и поради таа причина веќе подолго време преговаравме со низа потенцијални партнери за можните форми на докапитализација. Атлантик Група се покажа како навистина сериозен соговорник кој ја разбира природата на нашата работа, начинот на кој работиме, вредноста на брендовите,сериозноста и преданоста кон пристапот на нашите производи од плодот, па преку внимателно производство според најдобрата традиција на нашите баби, се до пакувањето и полиците, кој ја разбира потребата да се вложува во нив и има развојна визија. Преку разговорите добивме доверба дека станува збор за стратешки инвеститор кој ќе знае добро да управува со брендовите на Фудленд, да го развива портфолиото и да ја унапреди позицијата на пазарот. За тоа укажува и покажаната професионалност за време на деталната анализа и преговорите за купување како и целосното искуство и резултати од до сега преземаните брендови во составот на Атлантик“, објасни досегашниот мнозински сопственик на Фудленд, Васо Лекиќ.
„Производите на Фудленд се вистинска скапоценост на прехрамбената индустрија и најдобар амбасадор во светот за квалитет и можности кои ги има автентичното регионално производство на храна. Бабина тајна нуди џемови, слатко и сокови од локално овошје – било да се тоа диви капини, јагоди, дренки или коприва со одлична следливост и произведени на домашен начин. Како дијамант на круната е секако домашниот ајвар, кој како деликатес е препознат од светските трговски ланци како шведскиот Куп, австралискиот Вулвортс или американскиот Рос, како и премиум трговците на мало како францускиот Лафајет и Ле Бон Марш, швајцарскиот Глобус, шведскиот Хемкоп, британскиот Селфриџис, рускиот Азбука Вкуса, американскиот Фервеј или јапонскиот Фресеј. Овој бренд има значаен развоен потенцијал во регионот и пошироко, каде веќе со години остварува одлични резултати. Со тоа, оваа аквизиција ги постигнува двете цели дефинирани во стратегијата за развој на Атлантик – ширење на постоечкото портфолио на брендови и интернационализација“, изјави претседателот на Управата на Атлантик Група, Емил Тедески.
Компанијата Фудленд д.о.о. е формирана во 1998 година, со основна дејност производство на природна здрава храна од избрани состојки во согласност со потребите и стандардите на современиот живот. Производните капацитети на Фудленд се сместени 250 км јужно од Белград, во подножјето на планината Копаоник. Асортиманот опфаќа деликатесни солени намази и сосови ( ајвар, пинџур, кечап, сосови за тестенини) и слатки намази (џемови, мармалади, слатко) и природни супи и сокови од свежо овошје и зеленчук. Овошјето и зеленчукот за производство се плод на недопрената природа од пошироката област на Копаоник, од локално земјоделство. Сите производи се направени со највисок процент на овошје и зеленчук, на традиционален начин, без адитиви и конзерванси. Производството во Фудленд се одвива во согласност со високите стандарди на светските сертификати HCCP, ISO 9001 и BRC.
Исто така вреди да се спомене дека брендот Бабина тајна е единствениот добитник во регионот на британската награда за квалитет “Great Taste Award”, наградата „Best Innovative Juice“ на британскиот Фудњуз и светската награда за најдобра амбалажа која ја доделува „World Packaging Organisation“. Овие награди се потврда за бескомпромисното определување кон врвен квалитет на прозиводите и дизајнот кој овозможува конкурентност на пазарот на глобално ниво.
Атлантик Група е една од водечките прехрамбени компании во регионот со силен фокус на развој на работењето на меѓународните пазари. Асортиманот на Фудленд е исклучително комплементарен во асортиманот, работењето, стратегијата и амбициите на Стратешката бизнис област Деликатесни намази во Атлантик Група, која ќе го преземе по аквизицијата на компанијата. Носечкиот бренд со најголем меѓународен потенцијал во рамките на оваа стратешка област е Аргета, а проширувањето на палетата со нови производи под брендот на Бабина тајна, со поддршка од продажната организација на Атлантик во регионот и на меѓународните пазари, отвора простор за значајна синергија и унапредување на позицијата на двата бренда во портфолиото.Во 2014 год. се очекува вкупен промет од осум милиони евра. Аквизицијата на прехрамбената компанија со препознатливиот бренд Бабина тајна (Bakina t

Пронајдете не на следниве мрежи: