Загреб, 24 февруари, 2014 – Атлантик Група во 2013 година оствари приход од продажба во износ од 664,6 милиони евра, што во однос на истиот период минатата година претставува пораст од 2,5 проценти. Добивката пред камати и оданочување (EBIT) порасна за 6,4 проценти во однос на нормализираната EBIT од 2012 година и изнесува 55,9 милиони евра, додека нето добивката по исплатата на дивидендата на индивидуалните акционери во овој период изнесува 25,6 милиони евра, благодарение, помеѓу останатото, на значително намалените трошоци за камата после успешното рефинансирање на крајот од 2012. „И покрај отежнатите услови за работа последните неколку години, особено во регионот на Југоисточна Европа, каде Атлантик Група го остварува најголемиот дел од своите приходи, и во 2013 година продолживме со растот, исполнувајќи ги најавените очекувања веќе шеста година по ред. Со остварените резултати и растот на пазарите во Русија и ЗНД, како и на клучните европски пазари, ја потврдуваме стратешката ориентираност на компанијата кон интернационализацијата, како и интернационалниот потенцијал на нашите брендови како што се Аргета, Donat Mg, Multipower, Cedevita GO! и Bebi. Истовремено, продожуваме да вложуваме во развојот на брендовите од нашето портфолио, како и проширувањето и јакнењето на дистрибутивното работење. И во наредниот период компанијата ќе биде фокусирана на развојот, управувањето со рицзиците, одржувањето на ликвидноста и управувањето со финансиските обврски“, истакна Емил Тедески, претседател на Управниот Одбор на Атлантик Група.
Деловната 2013 година на Атлантик Група уште од почетокот беше обележана со имплементацијата на новите комерцијални услови на хрватскиот пазар, а во текот на годината и со понатамошното проширување на дистрибутивното портфолио, крунисано со договорот склучен во декември за преземање на дистрибуцијата на Унилевер за хрватскиот и словенскиот пазар. Во портфолиото на Унилевер, еден од најголемите светски производители на производи за широка потрошувачка, се вбројуваат светски познатите брендови Knorr, Hellman's, Axe, Rexona, Signal, Coccolino, Domestos, Cif, и многу други, а договорот, според вкупната годишна продажба е во вредност од 32 милиони евра. Во третиот квартал, Атлантик Група со потпишувањето на прелиминарниот договор во Индустрискиот парк Нова Градишка, го означи почетокот на инвестицијата во новата фабрика за производство на енергетски барови од асортиманот на спортска и активна исхрана. Проектот е со вкупна вредност од 16 милиони евра, во првата година се предвидува отворање на 50 работни места, а со планираниот раст на работењето ќе резултира со отворање на 160 нови работни места. Изградбата е планирана да започне во април 2014 година, а првите производи од новите линии на пазарот се очекуваат во првиот квартал од 2015 година.
За вкупниот раст на приходите од продажба на Атлантик Група во 2013, најмногу допринесоа стратешките деловни области Спортска и активна исхрана (раст од 14,9 проценти), при што најзначаен раст е остварен на пазарите во Германија, Шпанија и Русија, Здравје и нега (5,1 проценти) која бележи раст на хрватскиот и на рускиот пазар, потоа Слатко и Солено (2,8 проценти) со раст на пазарите во Србија, Македонија и Хрватска. Кафето со 21,5 проценти удел во вкупните приходи од продажба, се истакнува како најголема поединечна категорија со 143,0 милиони евра приход од продажба.
Анализирајќи ги пазарите, најголем раст е остварен во Русија и останатите земји од ЗНД (22,2 проценти) со што овој пазар остварува 5,9 проценти од вкупните приходи од продажба на Групата. Клучните европски пазари (Германија, Велика Британија, Италија, Швајцарија, Австрија, Шведска и Шпанија), кои сочинуваат 11,7 проценти од вкупните приходи од продажба, исто така остварија раст од 8,7 проценти. Словенија, како трет пазар по големина, бележи раст од 6,3 проценти. Хрватскиот пазар е најголем во вкупниот приход од продажбата со 24,8 проценти, а по него следи пазарот во Србија со 24,1 проценти.
Сопствените трговски марки на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 72,5 проценти, дистрибуцијата на производи на трговските марки од принципалите со 15,0 проценти, аптекарскиот ланец „Farmacia“ со 6,1 % , додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни трговски марки за големите деловни системи во земјата и странство во вкупниот приход од продажбата учествуваат со 6,4 проценти. „И покрај отежнатите услови за работа последните неколку години, особено во регионот на Југоисточна Европа, каде Атлантик Група го оств