– Во светски рамки продажбата се зголеми за 4,4%, или околу 177 950 испорачани автомобили
– Директор на продажба Лука де Мео изјави „Со успешниот старт на годината забележан е најсилниот прв квартал на сите времиња”
– Над 438 000 испораки во првите три месеци од 2015, со што е забележан раст од 6,1%Од почетокот на годината до крајот на март AUDI AG забележува одлични продажни резултати. Со околу 438 250 испорачани автомобили, продажба на автомобилите со четири прстени се зголеми во првото тримесечје за 6,1% во споредба со истиот период во 2014 година. Раст е забележан на сите светски пазари. Кон успешниот старт на годината придонесоа и испораките во месец март. Во тој месец беше остварен раст од 4,4% или околу 177 950 испорачани автомобили, со тоа Audi забележа најдобриот месец март во својата историја. Тоа значи дека брендот со четири прстени, 63 месеци по ред,ја зголемува продажбата.
„Нашиот нов рекорд во првиот квартал овозможи многу успешен почеток на новата година, ние имаме намера да го продолжиме овој тренд и во останатите месеци од 2015 година“, изјави Лука де Мео, член на одборот за продажба и маркетинг на AUDI AG. „Во втората половина од годината, нашиот нов Audi Q7 модел ќе придонесе за многу нови испораки во Европа. Првичните реакции на клиентите се многу добри, а бројот на нарачки веќе ги надминува нашите очекувања. Дури пред да се појави во салоните моделот е вистински хит“.
Во текот на првите три месеци од оваа година, продажбата првенствено порасна поради зголемените испораки од семејство А3, 43,8%, од моделот Audi Q3, 9,6% и од новиот Audi А6 од 8.1%.Од почетокот на годината до крајот на март AUDI AG забележува одлични продажни резултати. Со околу 438 250 испорачани автомобили, продажба на автом