AUDI AG го забележа најсилниот прв квартал со над 450.000 испорачани премиум автомобилиМарт е најдобар месец во историјата на компанијата, со раст од 4,6% или 186.100 испорачани автомобили во светски рамкиГлавен директор за продажба Дитмар Фогенрајтер изјави: „Испораките од почетокот на годината ја покажуваат силата на брендот Audi”Голема побарувачка за новите Audi А4 и Audi Q7Двоен продажен рекорд за брендот со четири прстени: Audi го забележа најдобриот прв квартал и најуспешниот месец во историјата на компанијата. Во март, Audi ја зголеми продажбата за 4,6% што е највисоко месечно ниво со околу 186.100 испорачани автомобили. Со тоа кумулативно бројот на испорачани возила од јануари до март изнесува 455.750 автомобили, што е за 4% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Растот во текот на првите три месеци главно се должи на големата побарувачка во Европа и Америка. Audi исто така забележа зголемување на испораките во Кина од почетокот на годината. “Новите продажни рекорди од почетокот на 2016 година се доказ за глобалната сила на брендот и на успехот на целата гама возила, особено на новите Audi A4 и Audi Q7”, изјави Дитмар Фогенрајтер, член на одборот на директори за продажба и маркетинг во AUDI AG и додаде: “Големата побарувачка во првиот квартал потврдува дека сме на вистинскиот пат до крајната цел, уште една рекордна продажба за цела 2016 година” Во светски рамки во месец март испораките на Audi A4 се зголемија 14,6%. Во САД, каде што последната генерација на овој модел е достапна само во последните неколку недели, продажба на Audi А4 се зголеми за 36,3%. Од почетокот на оваа година, на глобално ниво, испораките на премиум моделите од брендот со четири прстени порасна за 4%. Настапот на пазарот на производителот од Инголштат дополнително се засили со новиот Audi Q7, кај кој беше забележан двоцифрен раст на испораките во секој месец. Откако беше лансиран на пазарот, летото 2015 година, Audi Q7 во месец март беше испорачан во повеќе од 9.600 примероци, што е зголемување за 93,1%. Март е најдобар месец во историјата на компанијата, со раст од 4,6% или 186.100 испорачани автомобили во светски рамкиГлавен директор з
Пронајдете не на следниве мрежи: