• Директорот за продажба Лука де Мео изјави: „За прв пат во историјата на Audi остварени се повеќе од милион испораки за само седум месеци”.AUDI AG ја започна втората половина од годината со натамошен раст на продажба: продажбата во светски рамки се зголемува од година во година, во јули забележан е раст од 9,7% или околу 144 000 испорачани автомобили. Компанијата повторно успеа да ја зголеми продажбата во трите најважни продажни региони: зголемување на продажбата за 5,4% во Европа, за 16,2% во Азија – Пацифик и за 12,1% во Северна Америка. Од јануари до јули 2014 година кон клиентите од целиот свет беа испорачани околу 1 013 350 автомобили со логото на брендот со четири прстени, што претставува зголемување 11,1%. Со овие продажни резултати брендот Audi и понатаму за задржува позицијата на пазарен лидер во Европа и Кина.
„Ние успешно ја продолжуваме нашата глобална стратегија и забележавме раст и во месец јули, и за прв пат во историјата на брендот Audi ја надминавме бројката од милиони испорачани автомобили во првите седум месеци”, изјави Лука де Мео, член на одборот на директори за продажба во AUDI AG. и додаде – „Ова значи дека ние сме во многу добра позиција и можно е оваа година да испорачаме повеќе од 1,6 милиони возила.”AUDI AG ја започна втората половина од годината со натамошен раст на продажба: продажбата во светски рамки се зголемува од година во година, во јул