– Испорачани се 137 700 автомобили со што забележано е зголемување од 10,3%
– Директорот на продажба Лука де Мео изјави: „Одличен почеток на 2015 година“
– Популарното А3 семејство и новиот Audi TT го забрзуваат растотAudi го забележа својот најдобар почеток на годината: Со околу 137 700 испорачани возила компанијата со седиште во градот Инголштад ја зголеми продажбата за 10,3% во месец јануари 2015 во споредба со истиот месец минатата година. По рекордната продажба во 2014 година, брендот со четири прстени уште еднаш го зголеми својот најдобар резултат во светски рамки. Раст на брендот беше особено силен во Северна и Јужна Америка, со зголемување од 15,1% или 16 200 Audi автомобили. Особено, популарното А3 семејство со раст од 58,1% и новиот Audi TT со раст од 15.0% придонесоа за успешен почеток на годината.
„Audi забележа најдобар продажен резултат на почетокот на новата година, иако светската економска несигурност и понатаму продолжува да влијае на автомобилскиот пазар“, изјави Лука де Мео, директорот на продажба во AUDI AG.
„Со најдобрите резултати досега, во месец јануари, ги поставуваме темелите на натамошниот раст во 2015 година“.Audi го забележа својот најдобар почеток на годината: Со околу 137 700 испорачани возила компанијата со седиште во градот Инголштад ја зголеми прод