Пет лица, меѓу кои две малолетни деца се тешко повредени во сообраќајка несреќа која вчера попладне се случила на магистралниот пат Штип-Велес.Од полицијата информираат дека 34 годишниот А.И. од Делчево управувајќи „Ауди А4“, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Во несреќата тешко повреден е возачот и четворицата сопатници, неговата сопруга А.И.(30), педесет годишната Д.И. и две малолетни деца, од кои момче родено 2015 година и девојче родено 2014 година.
Поради сериозноста на повредите, по укажаната лекарска помош во општата болница во Велес, сите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. На местото на несреќата извршен е увид.Од полицијата информираат дека 34 годишниот А.И. од Делчево управувајќи „Ауди А4“, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.