149.400 испорачани возила во светски рамки само во месец јули со што забележан е раст од 2,3%Директорот за продажба Дитмар Фогенрајтер изјави: “И покрај тешките состојби, побарувачка на глобално ниво за моделите на Audi останува стабилна” Лансирање на новиот Audi A4L во Кина AUDI AG ја започна втората половина од годината со раст на продажбата: Во јули месец, компанијата испорача 149.400 возила, со што забележан е раст од 2,3% во споредба со истиот период минатата година. Брендот ја зголеми продажбата на три континенти – во Северна Америка забележан е раст од 5,9%, во Азија – Пацифик за 4,4% и во Европа за 1,5%. Новиот Audi A4 беше најпродаван модел во светски рамки со околу 30.450 модели и најмногу придонесе за севкупниот раст. Кај новиот модел Audi A4 испораките се зголемија за 14,9%. Од јануари 2016 година, производителот на премиум автомобили испорача околу 1.102.650 возила кон клиентите од целиот свет, што претставува зголемување за 5,2% во споредба со истиот период минатата година.”Во моментов се соочуваме со бројни економски и политички предизвици на клучните пазари. И покрај тешките состојби, побарувачка на глобално ниво за моделите на Audi останува стабилна “, изјави Дитмар Фогенрајтер, член на одборот на директори за продажба и маркетинг во AUDI AG. и додаде “Нашите три продажни столба Европа, Северна Америка и Азија – Пацифик – се добро поставени за да се неутрализираат флуктуациите на пазарот на глобално ниво.”
AUDI AG ја започна втората половина од годината со раст на продажбата: Во ју