> VIP возило без возач за актерот Даниел Брил
> Технологијата на Audi со врвна сообраќајна платформа помина комплексни сообраќајни ситуации во Берлин
> Контролиран стил на возење исто како професионален возачБлицот на фоторепортерите го означи почетокот на престижниот филмски фестивал Берлинале во Берлин. Audi забележа уште еден значаен момент на патот кон создавање на нови возила кои сами се управуваат. На свеченото отворање на меѓународниот филмски фестивал во Берлин, беспилотниот автомобил Audi A8 L W12 пристигна на црвениот тепих, со него допатува филмска ѕвезда Даниел Брил.
Лимузината без возач го пречека познатиот актер и неговата девојка пред нивниот хотел во Берлин и ги превезе до Берлинале Palast. Технологијата со врвна сообраќајна платформа употребува истакнати архитектонски објекти по должина на маршрутата како ориентација и ги споредува информациите од претходно утврдената прецизна мапа. Audi A8 L W12 ги синхронизира овие информации со пресметката и податоците добиени од сопствените движења. Оваа споредба му овозможи на VIP возило да ги помине зададените сообраќајни рути без возач.
– Ние вложуваме во развојот и постојано ги тестираме новите технологии за беспилотно возило во сите услови – изјави д-р Ing. Стефан Книрш, член на управниот одбор за технички развој и додаде:
– Ние веќе докажавме дека можеме да создадеме беспилотно возило кое ќе вози на тркачка патека и на автопат. За потребите на филмскиот фестивал „Берлинале“, многу лесно и со максимална прецизност поминавме во сложениот градски сообраќај.Блицот на фоторепортерите го означи почетокот на престижниот филмски фестивал Берлинале во Берлин. Audi забележа уште еден значаен момент на патот