Audi претставува дизајн студија во Лос Анџелес-почеток на една нова ера во дизајнот • д-р Улрих Хакенберг и шефот на одделот за дизајн Марк Лихте го претставуваат револуционерниот концепт автомобил • Новиот дизајн ги отелотворува прогресивните дизајнерски вредности на Audi • Концепт автомобилот отвора нови перспективи во дизајнот на автомобилите
Audi, водечкиот бренд во автомобилскиот дизајн, ја претставува новата ера на дизајнот. На автомобилскиот саем во Лос Анџелес, кој почнува на 19-ти ноември, брендот со четири прстени ќе го претстави првиот концепт автомобил кој го носи потписот на ново назначениот шеф на одделот за дизајн Марк Лихте.
За 45 годишниот Лихте, кој беше назначен за шеф на одделот за дизајн во февруари 2014 година, спортскиот карактер, лесниот дизајн и quattro погонот – имаат најголемо значење. Преку новиот дизајнерски израз со многу емоции, Марк Лихте ја комуницира техничка компетентност и бескомпромисниот квалитет на производите на брендот Audi – дизајнот на возилото уште посилно ја истакнува прогресивната технологија. Концепт автомобилот на автомобилскиот саем во Лос Анџелес означува нов почеток во дизајнот на Audi – како на надворешноста така и на внатрешноста.• д-р Улрих Хакенберг и шефот на одделот за дизајн Марк Лихте го претставуваат револуционерниот концепт автомобил • Новиот дизајн г