– Производителот на премиум автомобили ќе произведува големи серии на електрични автомобили во Брисел, од 2018 година
– Претседателот на управниот одбор на AUDI AG Audi Руперт Штадлер изјави: “Ние ја зголемуваме ефикасноста и нашата клучна компетентност”Audi ја подготвува својата меѓународна производствена мрежа за мобилноста на иднината.
Брендот најавува големо сериско производство во 2018 година на првиот чисто електричен SUV, кој ќе се произведува во фабриката во Брисел, која самостојно ќе произведува батерии. За таа цел, компанијата ќе го префрли производството на Audi А1 од Белгија во Марторел. Додека пак моделот Q3 кој во моментов се произведува во Шпанија, во иднина ќе биде произведуван во Унгарија.
Ротацијата на моделите ќе биде од корист за сите фабрики кои се дел од производствена мрежа на Audi. “Новата распределба на модели ќе ја засили нашата производствена ефикасноста и во исто време ќе ги засили фабриките“, – изјави Руперт Штадлер, претседател на управниот одбор на AUDI AG и додаде: “Сето ова ќе ни овозможи посоодветно да ги користиме придобивките на синергијата во рамките на групацијата Volkswagen и да ја зголемуваме ефикасноста и нашата клучна компетентност”. Одлуката ги штити работните места и ја промовира интернационализацијата на производствена мрежа.
Од 2018 година, фабриката на Audi во Брисел, за глобалниот пазар ќе го произведува првиот електричен SUV на брендот со четири прстени. Audi e-tron Quattro концепт студијата која што беше претставена на саемот во Франкфурт во 2015 година нуди јасна слика за финалната производствена верзија. Спортскиот SUV според својата големина е позициониран помеѓу Audi Q7 и Audi Q5. Моделот ќе биде опремен со три електрични мотори и батерии со висок капацитет. Audi e-tron на клиентите ќе им понуди многу спортски дух, динамика на возење и ефикасност. Новиот SUV од Audi ќе ги има сите елементи за целосна секојдневна практичност и опсег од 500 километри со само едно брзо полнење на батеријата.
Бриселската фабрика самостојно ќе ја произведува батеријата, со што ќе стане клучна фабрика за електрична мобилност на групацијата Volkswagen.Audi ја подготвува својата меѓународна производствена мрежа за мобилноста на иднината.
Брендот најавува големо сериско производство во 2018