Audi S1 и Audi S1 Sportback

• Новиот 2.0 TFSI мотор со 170 kW ( 231 КС) и 370 Nm вртежен  момент, троши само 7,0 литри на 100 km • Од 0 до 100 km/h забрзува  за 5,8 секунди• За прв пат quattro погонот се вградува во малиот компактен сегментГолемото име со свој камбек: Audi  ги претставува S1 и S1 Sportback, новите предводници на компактното А1 семејство. 2.0 TFSI моторот кој се вградува кај овие модели развива 170 kW ( 231 КС) и има 370 Nm вртежен момент;  quattro постојаниот погон на сите тркала и опширно подобрена суспензијата придонесуваат моќта подобро се пренесува на патот. Audi S1 и S1 Sportback се репер во класата со своите динамични перформанси.
Во 1980-тите легендарниот Audi S1 беше престижно спортско име – тоа беше автомобилот со кој брендот доминираше на светскиот рели шампионат. Сега ознаката повторно се враќа, но овој пат како Audi S1 и S1 Sportback новите предводници на компактното А1 семејство, модели со кои Audi го проширува S портфолиото.
” Audi S1 ги има сите атрибути на спортски автомобил, одлична изведба, прецизно управување и постојан quattro погон кој на супериорен начин ја пренесува моќта на патот”, изјави д-р Xaкенберг, член одборот за технички развој во Audi и додаде: ” quattro погонот има многу фанови, а нивниот бројот понатаму ќе расте благодарение на понудата на quattro во овој сегмент.”
Моторот со четири цилиндри има извонредни перформанси. 2.0 TFSI е опремен со турбо полнач и развива 170 kW ( 231 КС) со 370 Nm вртежн момент. Дво- литарскиот агрегат ги забрзува Audi S1 и S1 Sportback од 0 до 100 km / h за само 5,8 односно 5,9 секунди. Максималната брзина е 250 km/h. Во просек овој спортски , мелодичен TFSI мотор троши само 7.0 литри гориво на 100 километри односно 7.1 кај  Sportback  верзијата. Емисијата на СО2 на километар  изнесува 162 кај S1и 166 грама кај S1 Sportback.Големото име со свој камбек: Audi  ги претставува S1 и S1 Sportback, новите предводници на компактното А1 семејство. 2.0 TFSI моторот кој се в

Пронајдете не на следниве мрежи: