Audi со моделот SQ7 TDI ја освои наградата за иновација „Autocar“

Спортскиот SUV импресионира со 48 волтен електричен подсистем и систем за електромеханичка активна стабилизацијаЧленот на управниот одбор за технички развој д-р Книрш изјави: “Eлектричниот компресор е светска иновација која за првпат се вградува кај Audi SQ7 TDI”Новиот Audi SQ7 TDI е добитник на наградата за иновација “Autocar“ за 2016 година, во организација на Британскиот автомобилски магазин Autocar. Со оваа награда се  потврдуваат извонредните технички решенија на новиот модел. Стручното жири ги прогласи победниците во повеќе категории во Силверстоун, Англија. “Ново развиениот V8 мотор кој се вградува кај Audi SQ7 TDI користи компресор за електрично напојување – оваа пионерска иновација за првпат се појавува во светски рамки”, изјави д-р Стефан Книрш, член на управниот одбор за технички развој во Audi. Компресорот ја поддржува работата на двата турбополначи особено при ниски вртежи и гарантира максимална динамика. Иновацијата претставува основа за високи перформанси со 48 волтен електричен  потсистем, кој обезбедува енергија за електромеханичката стабилизација. “Оваа иновација им овозможуваат  на новиот Audi SQ7 TDI во пракса да го демонстрира слоганот на Audi „Напредок низ техника” истакна Книрш и додаде: “Се чувствувам почестен поради тоа што жирито го избра новиот Audi SQ7 TDI и му ја додели оваа престижна награда. Овој систем значително го намалува страничното навалување и го отвора патот за цврсто, спортско управување. Резултатот од новата технологија е поголема стабилност во свиоци. TDI моторот кај SQ7 постигнува поголемо странично забрзување и на тој начин автомобилот е побрз во свиоци. Електромеханичката стабилизација, како и компресорот со електрично напојување (EPC), ја црпи својата енергија од новиот 48 волтен електричен потсистем.SQ7 TDI е првиот Audi кој го има овој систем со високи перформанси. DC / DC конверторот  го поврзува 48 волтниот електричниот потсистем со електричниот систем од 12 волти. За да го задоволи потребите со висока моќ како и краткорочна електрична енергија за електромеханичката стабилизација и електричниот компресор, постои одделна 48 волтна литиум јонска батерија за електричниот потсистем поставена под багажниот простор. Излезната моќ изнесува 13 киловати. Autocar, му оддаде почит на Audi со наградата за иновација за особен технички развој.Членот на управниот одбор за технички развој д-р Книрш изјави: “Eлектричниот компресор е светска иновација која за првпат се вградува кај Audi SQ7

Пронајдете не на следниве мрежи: