Audi TT Ultra Quattro концепт

Audi на овогофишниот GTI Vertezi настан, кој ќе се одржи од 8 до 11 мај во Аустрија, ќе биде претставен ултра лесниот концепт со високи перформанси на Audi.
Audi TT Ultra Quatro концептот, според зборовите на германската компанија, комбинира минимална тежина и максимални спортски карактеристики.

Овој автомобил е придвижен од 2,0 – литарски TFSI мотор со 310 КС и 400 Nm вртежен момент, а тежок е само 1111 килограми. Неговиот однос помеѓу силата и тежината е 3,6 кг по 1 КС.
За убрзување до „стотка“ потребни му се само 4,2 секунди, што е за само 0,1 секунда поспор од жестокиот TT RS Plus моделот. Максималната брзина на концептот е 280 км/ч.

Во споредба со произведната верзија, концептот е полесен за 300 кг, пред се благодарејќи на употребата на јаглеродни влакна во некои од компонентите на овој автомобил.

За жал овој модел нема да се најде во сериско производство но, можеме да очекуваме примена на технологијата користена за намалување на тежината.Audi на овогофишниот GTI Vertezi настан, кој ќе се одржи од 8 до 11 мај во Аустрија,

Пронајдете не на следниве мрежи: