Претседателот на управниот одбор на AUDI AG Руперт Штадлер, изјави: „Ние ја надминавме нашата поставена цел за 2015 година со дополнителни 300.000 испорачани возила“.Директорот на продажба Дитмар Фогенрајтер изјави: „Темелите на понатамошниот раст успешно се поставени“.
Продажба на САД двојно се зголеми во последните пет години
AUDI AG постигна нов рекорд во продажбата во 2015 година: Во споредба со 2014 година, во светски рамки испораките се зголемија за 3,6%, или околу 1.803.250 нови премиум автомобили. Овој успех беше постигнат благодарение на новите популарни модели: новиот Audi А4, новиот Audi Q7 и новиот R8 – кои се уште не се достапни за сите пазари. Во Европа и Кина, Audi ја потврди својата позиција како најуспешен премиум бренд; во САД, брендот со четири прстени за два пати го зголеми бројот на испораки. Само во декември 2015 година, околу 158 450 клиенти низ целиот свет се определиле за некој модел од Audi, што претставува зголемување за 5,6% во споредба со истиот месец во 2014 година. Тоа значи дека компанијата ја зголемуваше својата продажбата дури 72 последователни месеци.
„Со продажба на 1,8 милиони возила, ние ја надминавме поставената цел од 1,5 милиони автомобили во 2015 година со 300.000 нови испорачани возила“, изјави Руперт Штадлер, претседателот на управниот одбор на AUDI AG.и додаде „2015 година покажа дека Audi е на вистинскиот пат и дека сме во можност многу успешно да ги совладаме предизвиците со кои се соочивме изминатата година.“
Во врска со развојот на настаните, директорот на продажба Дитмар Фогенрајтер изјави: „Во Азија, се приспособивме кон побавно темпо на пазарот, а нашите активности постојано се насочени кон здрави и профитабилни бизниси. Со одлични резултати во САД и успешното лансирање на новите модели во Европа, поставени се темелите на понатамошниот раст на Audi“.
Новите генерации на клучните Audi модели се тука: Бестселерот Audi А4 беше успешно лансиран во Европа во ноември 2015 година, а набрзо ќе се појави на останатите пазари. Достапен во Европа од јуни 2015 година, новиот Q7 ја прослави својата премиера и во Кина кон крајот од годината, пред неговото официјално пристигнување во САД и на другите големи пазари во 2016 година.
Целото семејство на спортско корисни возила од Audi уште еднаш несразмерно помогна во зголемување на испораките во 2015 година, дури 6% од ново испорачаните модели се од Q семејството или околу 537 950 нови Q автомобили. Audi А3 и неговите варијанти придонесе кон растот на продажбата за 20,3% или околу 372 750 испорачани возила. Со 29.950 испораки, забележан е раст од 87% кај моделот ТТ кој во моментов е најдобро продавани премиум компактен спортски автомобил во светот.Директорот на продажба Дитмар Фогенрајтер изјави: „Темелите на понатамошниот раст успешно се поставени“.
Продажба на СА