Блогерите го тестираат новиот Audi Q7 – пријателот на целото семејство Дури шест детски седишта можат да се постават кај новото спортско корисно возило од Audi Најнови системи за помош на возачот и забавно информативен систем за поголема безбедност и комфор Семејните блогери имаа можност да ги откријат предностите на Audi Q7 и се уверија дека новиот модел од Audi е вистински пријател на семејството. Новиот Audi Q7 најчесто го купуваат двојки со деца. Тие ја ценат флексибилностa на пространиот SUV, кој има можност за преклопување на седиштата во вториот ред, а третиот ред седишта се опција, и истите можат електрично да се прилагодуваат.
Во септември новиот Audi Q7 ги освои максималните пет ѕвезди на Euro NCAP тестот. Меѓу другото моделот доби и највисоки оценки за безбедност на децата. Сите овие предности како и секојдневната практичност го прават новиот Audi Q7 особено привлечен за родителите.
Уште еден плус за семејствата е пространа внатрешност. Audi Q7 е достапен со надолжно прилагодливи седишта од вториот ред и со електронско прилагодување на третиот ред седишта. Багажниот простор има капацитет од 890 литри, а со преклопување на седиштата истиот може да се зголеми до 2.075 литри. Рамниот под овозможува лесно користење на багажниот простор, а стандардната електрична задна врата која се отвора на сензор дополнително ја олеснува работата. На сите седишта во вториот и третиот ред по избор може да се постават детски седишта (ISOFIX / iSize). Заедно со совозачкото седиште во Audi Q7 можат да се постават дури шест детски седишта.
Да бидете сигурни дека децата ќе пристигнат безбедно, новиот Audi Q7 е опремен и со најновите системи за помош. Системот кој сигнализира отворање на врати во сообраќај, системот кој го запира возилото доколку детектира потенцијален судир, полу – автономно управување при кое возилото самото забрзува, сопира и се управува. Audi Q7може самостојно да се паркира. Достапни се и познатите „Lane assist“ – систем за движење во лента, „Night vision“- систем за ноќно гледање.
На подолгите патувања, родителите на своите деца можат да им овозможат забава со новиот информативно забавен систем додека пак „Audi connect“ – системот за поврзување вклучува 4G интернет, Apple Car Play и Google Android Auto plus, MMI навигација плус со 8.3 инчен монитор. Новиот оперативен концепт со голем touchpad ММИ и гласовна контрола е интуитивен и лесен за употреба. Забавниот систем на задната клупа како опција доаѓа со 10,1-инчен таблет и дигитално се поврзува со автомобилот. Над еден милион апликации, игри, филмови, песни, Audiо книги, е – книги достапни се за новиот таблет на Audi. За совршен 3D звук тука се и врвните системи од светски познатите производители Bose или Bang & Olufsen.Дури шест детски седишта можат да се постават кај новото спортско корисно возило од Audi