Ава била во затвор поради уцена на професор, на суд тврдела дека тој сексуално ја вознемирувал

Најнестабилната учесничка во Големиот Брат Ава, нејзиниот дечко Спиро и нејзината мајка, во октомври 2009 година се уапсени под сомнение дека изнудиле 9.000 евра од професорот Живко Нижиќ(65) кој на старлетата и предавал италијански јазик на универзитетот во Задар.
Наводно Спиро во договор со Ава и нејзината мајка, го уценувал професорот дека ќе ги објави јавно СМС пораките кој тој и ги праќал на Ава. Професорот им ги платил бараните 2.000 евра, а кога му побарале уште 7.000 евра тој случајот го пријавил во полиција.
По разговорот во полициската станица Ава и нејзината мајка се пуштени да се бранат од слобода, а Спиро бил задржан во притвор.
Потоа Ава во медиумите го демантирала тоа, изјавила дека 2.000 евра кои професорот и ги дал биле негов подарок  кога слушнал дека таа сака да замине од Задар поради него. А за останатите 7.000 евра вели дека не знае ништо и дека нејзиниот дечко тоа сам го испланирал а таа за тоа не била информирана.
„Штом некоја девојка е малку згодна, има поголеми гради, убави очи, кај професорот Живко или ќе го падне испитот ако не спие со него или ќе положи но во тој случај мора да биде негова асистентка, да живее во неговиот стан и да биде негова  робинка. Се започна кога го сретнав во градот, лижеше сладолет и ме праша- Сакаш ли да лижеш? Ме фалеше дека сум најперспективна студентка, а на почетокот неговите фалби многу ми значеа, и потоа како на мој дедо му испратив порака со текст „ве обожавам“. “- раскажа Ава.
Потоа професорот продолжил да и праќа пораки од типот „ти ги бакнувам рацете“, „Ќе одиме ли на ручек?“ а потоа продолжил со пораки од типот „ Чувај се меѓународна дрољо“, „Што  замолчи, дрољо?“.
Професорот ова го демантирал а на почетокот на 2010 Ава и нејзината мајка се ослободени од обвинението, а Спиро тогашното момче на Ава е осудено на две години и седум месеци казна затвор.
 
 Најнестабилната учесничка во Големиот Брат Ава, нејзиниот дечко Спиро и нејзината мајка, во октомври 2009 година се уа

Пронајдете не на следниве мрежи: