Авион од индиска компанија се судри со бивол пред полетувањето

Авионот на индиската компанија „Спајс Џет“ се судри со еден заскитан бивол, при полетувањето на аеродромот Сурат во југозападна Индија. Инцидентот се случил доцна синоќа, но никој од вкупно 146-те патници и членови на екипажот не настрадал.Претставник на компанијата, која е рангирана како четврта според нејзината позиција на индискиот воздухопловен пазар, соопшти дека нивниот „Боинг 737-800“ е сериозно оштетен.
– Станува збор за мошне тежок инцидент и за него нема никакво оправдување. Недопустливо и неодговорно е од управата на аеродромот, бивол да шета слободно по пистата на која постојано слетуваат авиони – изјави претставникот на „Спајс Џет“.
Според неговите зборови, само неколку секунди подоцна при полетувањето овој инцидент ќе го претвореа во тешка авионска катастрофа. Пилотите на „Боингот“ изјавиле дека во темната ноќ и на црната писта на аеродромот, никако не можеле да го забележат црниот бивол на пистата.
Не е првпат во Индија да се регистрираат авионски инциденти поради присуството на животни на аеродормските писти. Во јуни 2008 година, во само еден ден, поради животни на пистите дојде до пореметување на повеќе од 100 авионски летови во државата.Претставник на компанијата, која е рангирана како четврта според нејзината позиција на индискиот воздухопловен пазар, соопшти дека нивниот „Б

Пронајдете не на следниве мрежи: