Авион “Boeing 777” на корејскиот авионски превозник Асиана се срушил при слетувањето во Сан Франциско, а според последните информации, патниците биле евакуирани со помош на тобогани и засега се уште не е познато дали има жртви.
При слетувањето во меѓународниот аеродром Сан Франциско се срушил авион кој летал од Сеул, пренесува “The New York Times”.
Снимките кои што досега биле објавени на интернет покажуваат дека авионот бил во пламен. На теренот се присутни пожарникарите, но засега нема информација за жртви. Се уште не е познато и колку лица имало во авионот, но според карактеристиките, истиот може да превезува повеќе од 300 патници.
Веднаш по несреќата, патниците биле евакуирани со помош на тобогани на надувување кои што и се користат за вонредни ситуации. Снимката од местото го покажува изгорениот дел од авионот, но и недопреното дно. Откако пожарникарите го изгасиле пожарот, јасно видливо било дека поголемиот дел од леталото е изгорен.
По ударот во пистата, опашката на авионот отпаднала, а потоа на сите страни почнале да разлетуваат останатите делови од авионот.
Не е познато што би можело да му се случи на “еден од најбезбедните авиони”, како што го нарекол Џим Тимлон, експерт за навигација. Авион “Boeing 777” на корејскиот авионски превозник Асиана се срушил при слетувањето во Сан Франциско, а споре
Пронајдете не на следниве мрежи: