Авионот со фудбалерите на Манчестер Јунајтед за влакно избегнал судир

Експедицијата на фудбалскиот клуб Манчетсер Јунајтед при патувањето на мечот од Лигата на шампионите против Баер Леверкузен, во последен момент избегнала трагедија, пишуваат медиумите во Англија.Според овие информации, авионот во кој биле фудбалерите на Манчестер при слетувањето на аеродромот во Келн, на висина од 400 метри морал повторно да ја подигне висината поради друг авион што во тој момент се наоѓал на пистата наменета за слетување.
По маневарот на пилотот и координацијата со контролорите на аеродромот во Келн се завршило со среќен крај.
– Слетавме! Само што сега треба да се соземеме од непријатното доживување, напишал Рио Фердинанд на неговиот Твитер профил.

 
Дел од коментарите на другите патници биле дека искуството е застрашувачко.
Интернет изданието на „Дејли меил“ нагласува дека тренерот на англискиот шампион Дејвис Мојс на прес-конференцијата се појавил насмеан и изјавил дека инцидентот нема да остави последици по играта на неговите избраници.
На 6 февруари 1958 во авионска несреќа во Минхен при враќање од натпреварот со Црвена Ѕвезда, загинаа поголем број фудбалери од тимот на Манчестер Јунајтед.Според овие информации, авионот во кој биле фудбалерите на Манчестер при слетувањето на аеродромот во Келн, на висина од 400 метри морал повторно д

Пронајдете не на следниве мрежи: