Авировиќ до СДСМ: Од која земја ги земате примерите за успешно водење на економија?

-Почитуван колега, сакам само да ве запрашам, кога ги правевте анализите вие во СДСМ, кои параметри, кои земји ви се основицата за да зборувате вака негативно за Репбулика Македонија? Кажете ми од која земја ги земате примерите за успешно водење на економија, за успешно задолжување и што е тоа задолжување според вас правилно или неправилно? Од која земја се водите? Дали имате некоја основица врз база на што ги темелите сите овие напади или пак, си зборувате произволно ? Баш би сакала да знам што е тоа што ве раководи за вака негативно да се однесувате во сите овие изминати години?“, со овие зборови и прашања пратеничката од владеачкото мнозинство Владанка Авировиќ ја започна својата реплика кон пратеникот од СДСМ Николов.Таа потоа посочи дека досега само за избори се потрошени околу 100 милиони евра и тоа само поради вонредни избори кои СДСМ ги барал.
-Прво, незнам дали ве боли, во сите овие изминати години, шест пати одиме на вонредни избори, 100 милиони евра сме потрошиле без потребно. Ниеден мандат не го истеравте. Повеќе надвор по улиците си шетавте и создавате само проблеми за економијата. Со тоа не ги решавате проблемите, констатираше пратеничката Авировиќ.
Taa исто така истакна дека и Светска банка во повеќ наврати ја потврдува умерена задолженост на Република Македонија и поради тоа им посочи на пратениците од СДСМ да земат и да ги прочитаат сите извештаи каде тоа го пишува, со цел да престанат ваквите паушални тврдења.
-Второ, кажете ми вие врз база на вашите размислувања, што е тоа што Република Мaкедонија треба да направи? Дали да ги зголеми даноците, дали пензиските услови да ги зголеми, полоши пензиски услови ли да донесе? Што е тоа што ве раководи и мотивира? А иначе секоја година, Македонија се става во однос на останатите земји како се движи, нејзината финансиска основица за задолжување. Еве Светска банка, во која година сакате, ќе ви каже дека Република Македонија е умерено задолжена земја со фискална дисциплина и е една од ретките земји кои што имаат позитивен раст во економијата. Ви препорачувам да ги земете овие книги и да ги прочитате, каде се наоѓа Република Македонија во однос на другите земји од југоисточна Европа! Многу корисно ќе ви биде“, им посочи Авировиќ на пратениците од СДСМ.
На крајот, таа уште еднаш ги запраша и побара одговори од пратениците на СДСМ како е можно Република Македонија со 38% долг да е екстремно задолжена како што СДСМ обвинува, а земјите од еврозоната со над 100% долг да се умерено задолжени.
-Сакам да ми кажете и објасните, како тоа Македонија и нејзината економија е Титаник, а просечниот долг на Европската Унија во 2014 година е 92%, сега е над 93%. Во Еврозоната исто така. Македонија е 38% во 2015 година последниот квартал. Кажете ми ги , овие развиени земји со над 100% државен долг, треба да се убиваат затоа што земаат задолжување?“ заврши Авировиќ.Таа потоа посочи дека досега само за избори се потрошени околу 100 милиони евра и тоа само поради вонредни избори кои СДСМ ги барал.
-Прво,

Пронајдете не на следниве мрежи: