Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), поради прогласениот ден на жалост, ги повикува радиодифузерите да ја приспособат програмата.– Музиката што ќе ја емитуваат ќе биде од музички жанрови соодветни за денови на жалост, а забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија, планирани да се емитуваат денеска, ќе ги прераспоредат за други денови од седмицата. Ова важи и за рекламирањето, додека за другите форми на комерцијални комуникации (телешопингот, спонзорството и пласирањето производи) нема ограничувања, стои во соопштението од Агенцијата.
Радио програмските сервиси, денеска се ослободени од обврската согласно Законот да обезбедат одреден процент од емитуваната музика да биде инструментална музика од македонски автори и автори на етничките заедници кои не се мнозинство во Република Македонија и/или вокално-инструментална музика на македонски јазик или на јазиците на немнозинските заедници.
Во Република Македонија денеска е прогласен ден на жалост поради големиот број човечки животи загубени во временската непогода која ги зафати Скопје и околните места.– Музиката што ќе ја емитуваат ќе биде од музички жанрови соодветни за денови на жалост, а забавните шоу програми, хумористичните емисии или