АВМУ со нов обид за цензура: Јанева може да зема пари од граѓаните, а медиумите не смеат критички да ја опсервираат

Дали Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потврди дека Специјалното јавно обвинителство е дел од кампањата со тоа што најголем акцент во предизборното следење на медиумите е ставен токму на Катица Јанева? Ова прашање се наметнува откако ќе се разгледаат извештаите за сите електронски медиуми, кои се законска обврска на АВМУ во предизборието.Во истите најголем дел е посветен токму на работата на СЈО кое не би требало да биде дел од кампањата. Доколку СЈО и функционерите избрани во него се третираат како и секој друг функционер, тогаш и за нив би требале да важат препораките за критичко опсервирање на нивната работа.
Наместо тоа очигледни се двојните стандарди со кои АВМУ ги следи медиумите. Сител и медиумите кои не се под контрола на СДСМ се критикувани од АВМУ заради тоа што бараат отчетност од СЈО и доследно ги пренесуваат дебатите од Собранието и останатите теми.
Па, така според АВМУ преку наслов и пренесување на изјава на обвинител, ТВ Нова гради негативен став кон СЈО.
 
За Агенцијата е спорно што Сител телевизија пренесува коментари, статуси и изјави на професори и аналитичари кои, според АВМУ, негативно зборуваат за Јанева. Телевизијата повторно на удар.
 

За разлика од медиумите кои не се под контрола на СДСМ, нема никакви прегорувања за Телма која не само што не ја интересира како Катица Јанева троши 4 милиони евра од граѓаните годишно и дали совесно и професионално ја извршува функцијата, туку настапува крајно апологетски и неновинарски. Па, така телевизијата се става во одбрана на Јанева од како што сами најавуваат, политичкиот линч или мобингот врз специјалната обвинителка.
 
Самата АВМУ во својата методологија препорачуваше медиумите критички да се поставуваат кон носители на функции кои добиваат пари од граѓаните. Па, според ова очигледно е дека за Катица Јанева или важи поинаков стандард, односно АВМУ смета дека треба да биде недопирлива и да не се бара отчет или смета дека не е функционер на оваа држава.Во истите најголем дел е посветен токму на работата на СЈО кое не би требало да биде дел од кампањата. Доколку СЈО и функционерите избрани во него

Пронајдете не на следниве мрежи: