Доколку некој копнее за подобар живот на илјадници километри од дома, Австралија ја нуди таа шанса. Земјата состави листа на професии за кои процесот за добивање работна виза, виза со ограничен престој, како и виза за неограничен престој ќе биде многу поедноставен и забрзан.Австралиското министерство за имиграција и за погранична контрола објави нова листа на професии што ѝ се потребни на земјата за работната сезона 2016 и 2017 година. Оваа листа ќе стапи во сила од први јули оваа година и ќе се однесува на сите што ќе аплицираат за добивање австралиска виза.
Во таа група спаѓаат барања за привремени работни визи, во траење од четири години, при што работниците кои би биле ангажирани во одредени области би имале можност да поднесат барање и за виза за постојан престој и работа во Австралија. Истите можности важат и за тие што ќе се решат да учат и да студираат, така што после школувањето ќе добијат шанса за долгорочна виза.
Меѓу професиите што се бараат се менаџер на проекти, индустриски инженер, агроном, биомедицинари, наутичари, шумари, ветеринари, наставници, невролози, педијатри, физиотерапевти, медицински сестри, ѕидари, столари, електричари, социјални работници, психотерапевти.
Погледнете кои сè професии ги бараат, можеби и ќе ви се посреќи.
Австралиското министерство за имиграција и за погранична контрола објави нова листа на професии што ѝ се потребни на земјата за работната сезона 20