Австралискиот суд нареди повлекување од пазарот на неколку варијанти аналгетици Нурофен, пренесува Ројтерс.Сојузниот суд на Австралија пресуди дека „Рекит Бенкисер“ продава идентичен производ под различни имиња.
„Рекит Бенкисер“ сега има рок од три месеци за повлекување на Нурофен за болки во грбот, менструални болки, мигрени и главоболки од пазарот.
За аналгетиците е утврдено дека не содржат ништо специфично за секоја од овие болки, бидејќи сите биле идентични. Разликата била само во цената на сите овие лекови.
Основниот Нурофен во Австралија се продава по речиси двојно пониска цена од таа за секој од четирите лекови, кои требало да дејствуваат против секоја од наведените болки.
Според судската пресуда, лекот на кој е наведено дека е наменет за мигренозни болки, не е специјален против мигрена, затоа што ја има истата содржина од супстанцата „ибупрофен-кизин“ колку што ја има и лекот за глабоболка, а и другите два „специјализирани“ лекови.
Australian court finds Reckitt Benckiser mislead consumers on Nurofen products https://t.co/jr4Y3fYkvy pic.twitter.com/vs5mC6rfAF
— Reuters Top News (@Reuters) December 14, 2015
На почетокот од годинава, австралиската Комисија за контрола на квалитетот поднесе тужба против британската компанија „Рекит Бенкисер“, откако беше откриено дека иако четири видови Нурофен се продаваат за различен вид болка, сите имаат по 342 милиграми од основната супстанција од која е направен лекот.
Британската компанија најави жалба, но Судот нареди сите нејзини производи од оваа палета лекови да се повлечат од аптеките и другите продавници.
„Рекит бенкисер“ соопшти дека судската одлука се однесува само за Австралија и таа не ги погодува и другите пазари, вклучувајќи го и пазарот во Велика Британија.
Оваа компанија на пазарот нуди повеќе производи, меѓу кои и препаратите Детол и „Харпик.Сојузниот суд на Австралија пресуди дека „Рекит Бенкисер“ продава идентичен производ под различни имиња.
„Рекит Бенкисер&



