Геолози ја утврдиле староста на австралиски аналог на Стоунхенџ, која е околу десет илјади години – два пати постар од британскиот споменик, објави Lenta.ru.Во непосредна близина на споменикот се откриени артефакти од живеалишта на древни луѓе. Земјоделската дејност на луѓето на оваа територија почнала пред околу 12 000 години.
Веројатно австралискиот споменик, како што забележуваат експертите, претставува најстара зачувана камена опсерваторија на планетата.
Нејзината геометрија овозможува да се дефинираат датумите на рамноденицата, како и деновите на летното и зимската краткоденица.
Австралискиот споменик претставува неколку базалтови камења кои формираат круг. Висината на камењата од споменикот достигнува околу метар. Објектот се наоѓа на местото каде што живеат Абориџини, на 45 километри западно од Мелбурн.
Споменикот Стоунхенџ, кој се наоѓа во британскиот Вилшир, е изграден пред четири-пет илјади години. Неговите најголеми камења тежат 30-40 тони. Конечната цел на споменикот не е позната до денес. Според последните наводи на британските археолози, познатиот Стоунхенџ нема никаква врска ниту со вонземјани, ниту со опсерватории на „паметни“ древни луѓе, ниту кон било какви други егзотични хипотези.
Всушност, споменикот бил изграден за да го зацврсти сојузот меѓу завојуваните британски племиња на исток и запад, кои одлучиле да прекинат со меѓусебните битки.Во непосредна близина на споменикот се откриени артефакти од живеалишта на древни луѓе. Земјоделската дејност на луѓето на оваа територија почнала