Австралискиот пар ја менува приказната: Мислеле декаќе ги изгубат и двете бебиња

Девојка од Тајланд за пари се согласила да биде сурогат мајка  на пар од Австралија. Родила близнаци. Парот не сакал да го земе едното бебе бидејќи се родило со Даунов синдром.
Австралискиот пар кој се нашол во скандал откако одбиле да земат бебе до Даунов синдром, едно од близнаците кои ги родила сурогат мајка од Тајланд, изнеле своја верзија од приказната  во телевизиско интервју.Дејвид и Венди Фарнел се појавиле во австралиско шоу, и тоа било нивно прво појавување во јавноста откако приказната за напуштеното бебе ги полни весниците ширум светот. Поголемиот дел од приказната го раскажал Дејвид, инаку осудуван педофил, кој изнел низа неуверливи тврдења, меѓу кои и тоа дека се надевале дека малиот Геми, кој има Даунов синдром, ќе го донесат  во Австралија. Парот тврдел дека сакал да ги задржи двете деца, но сурогат мајката се заканила дека ќе ја вклучи полицијата па така се исплашиле дека би можела да ги задржи близнаците.
Негираат дека го напуштиле момчето поради болеста
Дејвид негирал дека го напуштиле момчето поради  болеста, но открил дека сигурно ќе побарал од мајката да ја прекине бременоста доколку докторите навремено откриеле дека момчето ќе има Даунов синдром. Потврдил дека кога дознале дека момчето е болно, барале да им ги вратат парите кои и ги дале на сурогат мајката бидејќи медицинските испитувања не бие направени навреме.
„Родителите сакаат нивните деца да бидат здрави. Предоцна дознавме дека момчето ќе биде болно. Ни ги испратија анализите, но  не ги направиле навремено“, рекол Дејвид.

Оваа изјава е контрадикторна на една друга во која Дејвид вели:
„Не го напуштивме момчето. Никогаш не сме и рекле на сурогат мајката да абортира. Секогаш постои надеж. На самиот почеток, кога дознавме дека момчето боледува од Даунов синдром, одлучивме да го задржиме“, рекол.
Фарнел осудуван педофил
Инаку Дејвид Фарнел поминал три години во затвор  поради сексуално злоупотребување на две девојчиња помлади од 10 години. Потоа повторно е осуден на за злоупотребување на 13 годишно момче. Исто така  е спорно тоа што својата сопруга ја „нарачал“ преку агенција од Кина. На прашањето дали неговата приврзаност кон помлади девојки имала врска со тоа што одлучиле да го задржат девојчето, Дејвид одговорил:
„Никогаш не ми паднало такво нешто на ум. Би требало да се посрамите што воопшто ме прашувате такво нешто. Сите ги мразат сексуалните престапници, те се дното на социјалниот свет, безвредни. Тоа е причина затоа што толку се трудев да бидам добар татко на своите деца, затоа што направив доволно лоши работи“, рекол додавајќи дека заслужува се што му се случило, но тоа да не се однесува на неговото семејство.

Дејвид и Венди Фарнел се појавиле во австралиско шоу, и тоа било нивно прво појавување во јавноста откако приказната за напуштеното бебе ги полни в

Пронајдете не на следниве мрежи: