Виенски истражувачи ги заинтриригаа Албанците кои традиционално мислеа дека албанскиот јазик има корени во античка Илирија и нивната теорија ја ставија под ладен туш, известува Бесар Ликмета, дописник на БИРН од Албанија.Двајца виенски академици пронашле антички текст од еден далечен народ кој постои на Балканот. За да се открие потеклото на јазикот треба да се докажува со сигурност.
Како двајца детективи што трагаат по вистината, Штефан Шумакер и Јоачим Мацигер се трудат да го откријат вистинското потекло на Албанија и на албанскиот јазик, чија историја и развиток се малку познати надвор од албанскиот свет. Според Шумакер промените во јазикот можат да се откриваат со сигурност при комплетно следење.
Двајцата академици кои проучувале албански текстови од 17-ти и 18-ти век, за да можат да комплетираат Речник од глаголи, таа нивна ангажираност отворила широка дебата меѓу албанските лингвисти.
Коренот на оваа полемика е во хипотезата дека Албанците немаат потекло од античките Илири луѓе коишто живееле на Балканот за време на римскиот период. Според античките писатели Илирите биле народ составен од многу племиња, коишто живееле на просторите на денешен западен Балкан, значи на простпорот на поранешна Југославија и Албанија.
Иако Албанија и Илирија немаат ништо заедничко, освен мал број зборови пронајдени од археолозите, албанските националисти упорно настојуваат да докажат дека Албанија и Илирија имаат врска.
Стефан Шумахер
Оваа теорија, дека Албанците и Илирите имаат врска, уште и ден денеска се пропагира кај албанските ученици од основните училишта па се до Универзитетот. Споменатава теорија е популарна бидејќи пропагира дека Албанија има потекло од луѓето што живееле на Балканот долго време пред да дојдат Словените и дека нивната (албанска) територија ја запоседнале Словените.
Оваа доктрина нашироко се пропагира и во академската литература, вели Мацингер. Кај Албанците спомената доктрина не трпи дискусија, за нив тоа е факт.
Што се случуваше со имињата
Имињата на денешните Албанци сведочат за упорното настојување да се докаже дека постоела врска меѓу денешните Албанци и античките Илири. Така на пример Пани раскажува што се случило кога неговиот татко, 1966 год., во времето на диктатуирата на Енвер Хоџа, отишол да го регистрира својот син во службата за новороденчиња и побарал син му да го носи името на својот дедо Пандели. Вработената рекла дека не е добро на детето да му се даде име од умрен човек и му предложила илирско име, што било по воља на власта. На тоа таткото на Пандели рекол: “Ами и Илирите не се живи!”
Многу деца од генерацијата на Пани родени во шеесеттите години (1960-1970) немале тврдоглави родители како таткото на Пани и се согласиле со барањето на власта; така на своите деца им давале илирски имиња, земени од плочиоте на илирските гробови, имиња , како Бледар што значи ‘умрен’. Аргон што значи ‘архадиец’. Мене сепак ми го дале името Пани по традиција да го продолжам името на фамилијата. На овој начин, пред очите на светот Албанците сакале да ги зацврстат врските меѓу Албанците и нивното наводно илирско минато.
Пани вели дека иако режимот на Хоџа упорно се трудел да ја всади доктрината дека Албанците имаат илирско потекло, во нивната национална свест, таа теорија со текот на времето станува се поанархична и неприфатлива.
Политичкиот притисок во кој се најде Албанската Академија во посткомунистичкиот период и донесе голема тешкотија, па академиците кои направија голема грешка трдејќи дека Албанците се потомци на Илирите, заврши Пани.
Извор. република.мкДвајца виенски академици пронашле антички текст од еден далечен народ кој постои на Балканот. За да се открие потеклото на јазикот треба да се дока