Возачите на екранот во автомобилот ќе можат да видат кога ќе се запали зеленото светло, а компјутерот исто така ќе ги предупредува кога нема да бидат во можност да „го фатат“ зеленото светло.Инженерите во Ауди развиваат технологија која што на новите возила во иднина ќе им овозможи комуникација со семафорите, па така возачите ќе знаат колку време ќе треба да чекаат за да се запали зеленото светло, или пак дали ќе имаат време да го „фатат“ зеленото светло, пред да светне црвеното.
Оваа технологија на почетокот ќе биде резервирана само за Ауди А4 и Q7 кои се произведуваат после 1-ви јуни оваа година. Покрај тоа, технологијата на почетокот ќе биде достапна само на територијата на САД и тоа само во пет до седум поголеми градови, а засега не се знае за кои градови станува збор.
Пом Малхотра од Ауди, изјави дека нивната „V-to-I“ (Vehicle to infrastructure) технологијата не е безбедносна опција, туку првенствено е наменета за да го подобрат уживањето во возењето, односно „да го олеснат“ чекањето на семафорите – додека е запалено црвеното светло, на екранот во автомобилот ќе се одбројуваат секундите до палењето на зеленото светло.
Тајмерот ќе се исклучи на неколку секунди пред да светне зеленото светло, со цел возачите да го вратат погледот на патот пред нив, односно на семафорот и на сообраќајот.
За најпрактичен дел од оваа технологија се смета предупредувањето за тоа дали автомобилот може да помине безбедно на зелено светло, односно дали може да ја помине раскрсницата пред да светне црвеното светло.
Во иднина, инженерите во Ауди планираат оваа технологија да ја поврзат со навигацискиот систем на возилото, па автомобилот да може да ги советува возачите со која брзина да се движат за да можат секогаш на раскрсниците да поминат на зелено светло.
Освен технологијата која што овозможува комуникација на возилата со инфраструктурата, како што се семафорите, сѐ повеќе производители ја развиваат„V-to-V“ технологијата, односно „Vehicle to vehicle“ која ќе овозможи комуникација помеѓу автомобилите со што ќе се избегнат сообраќајните несреќи, сообраќајните метежи и слично.Инженерите во Ауди развиваат технологија која што на новите возила во иднина ќе им овозможи комуникација со семафорите, па така возачите ќе знаат к