Ќе се возат ли во блиска иднина по улиците на Европа, автомобили кои не се придвижуваат со гориво?Ако Германија успее да се наметне, веројатно да.
Властите во Берлин веќе донесоа одлука, барем по германските улици тоа да се случи. Горниот дом на Бундестагот, одлучи од 2030 година во Германија да не се возат автомобили со бензин или дизел. Ова го соопшти списанието „Шпигел“.
Во одлуката е запишано дека Еврокомисијата треба да биде повикана да ги заостри барањата кон земјите-членки за намалување на штетните гасови во воздухот, па од 2030 година на улиците на заедницата да бидат дозволени само автомобили кои не користат горива за возење.
За да се исполни климатскиот договор од Париз, Германија треба до 2050 година да ја намали емисијата на јаглерод диоксид до 95%, потсетува списанието.
Ова може да се случи само при укинување на бензинските мотори и нивната замена со електрични. Според прогнозите, во 2028 година ќе се продадат повеќе електрични автомобили, откоколку автомобили со конвенционални мотори.
30% од идните произведени автомобили ќе бидат со електромотори, 40% ќе бидат хибридни, а останатите – бензински или дизел. Засега, продажбата на електрични автомобили има премногу скромен успех. Дури е доделена и од државата субвенција за секој кој ќе купи ековозило, но тоа не придонесе за зголемување на продажбата во земјата.
Причина за тоа се превисоките цени и сѐ уште малиот капацитет на новите автомобили. Според експертите, сепак, ако се објави дека од 2030 нема да се продаваат веќе конвенционални автомобили, тоа ќе ја смири автоиндустријата за направените инвестиции во ековозилата и тие ќе побрзаат да го зголемат нивниот капацитет.
За пример се даваат ограничувањата за емисии од автомобилите со бензин или дизел, кои придонеле за тоа индустријата да ги направи автомобилите многу штедливи.Ако Германија успее да се наметне, веројатно да.
Властите во Берлин веќе донесоа одлука, барем по германските улици тоа да се случи. Горнио