Автомобилски саем во Женева 2016: ŠKODA со нов SUV концепт Vision S

Најважниот момент на Женевското Езеро: Дизајн студијата на ŠKODA која го претставува изгледот на идните SUV модели на брендот.
> Plug-in-хибриден погон со висока ефикасност
> Концептот со емотивен дизајн ја покажува еволуцијата на дизајнерскиот јазик на ŠKODA
> Пространата внатрешност со три реда седишта и должина од 4,70 mŠKODA продолжува да расте: Во последниве години, брендот ја прошири и обнови својата моделска гама. Во моментов се засилува гамата со нови SUV модели. Со ŠKODA Vision S, чешкиот автомобилски производител прикажува како ќе изгледа дизајнот на идните спортско корисни возила на Škoda.
ŠKODA Vision S го пренесува новиот дизајнерски јазик и во SUV сегментот. Дизајнот јасно е под влијание на чешкиот кубизмот и традиција на Бохемија во создавање на кристални уметнички дела. Линиите се прецизни, остари и недвосмислен. Особено се истакнува играта на светлината и сенките кои на површината на автомобилот создаваат возбудлив ефект, со акцент на „Island“ зелената боја.
Со 2,79 метри меѓуоскино растојание, должина од 4,70 метри, широчина од 1,91 метри и висина од 1,68 метри, ŠKODA Vision S доминира на патот. Направен врз основа на MQB платформата од групацијата Volkswagen, ова е првото возило на ŠKODA кое има шест седишта во три реда.
Уште една важна карактеристика на концептот е неговиот plug-in хибриден погон, со 165 kW (225 КС), автомобилот забрзува од 0 до 100 km / h за 7,4 секунди, а максималната брзина e речиси 200 km / h. Vision S е неверојатно штедлив со горивото и троши 1,9 литри бензин на 100 километри, емисијата на CO2 изнесува 45 грама на километар.

 
ŠKODA Vision S може да помине 50 километри само на електричен погон, а вкупниот опсег изнесува 1000 км со комбинација на двата погонски системи. Моторот со внатрешно согорување е 1.4 TSI со 115 kW (156 КС) и 250 Nm вртежен момент. Електричниот мотор обезбедува континуирана моќ од 40 kW и 220 Nm максимален вртежен момент. Тој е интегриран со автоматскиот шест брзински DSG менувач и ја пренесува моќта на предните тркала. Вториот електричен мотор со 85 kW и вртежен момент од 270 Nm моќта ја пренесува на задната оска.
Пренесувањето на моќта функционира независно од возење на предната оска, што значи дека концепт автомобилот има паметен погон на сите четири тркала, и не изискува механичко спојување. Трите мотори соработуваат на многу флексибилен начин. Возачот на ŠKODA Vision S може да изберете еден од неколкуте режими на работа. Литиум јонската батерија има капацитет од 12.4kWh и поставена е во предниот дел на задната оска.ŠKODA продолжува да расте: Во последниве години, брендот ја прошири и обнови својата моделска гама. Во моментов се засилува гамата со нови S

Пронајдете не на следниве мрежи: