Белгискиот интернационалец од редовите на Челзи, Еден Азар, вели дека секој играч сака да биде популарен, но не по начинот на кој тој стана популарен по мечот со Свонси.
Азар призна дека не очекувал инцидентот да добие толку публицитет во јавноста.
„Секој играч сака да го види своето име на насловните страни, но јас најмногу сакам кога е тоа поради некоја спортска причина“ вели белгијанецот.
„Да го носиш дресот на Челзи е голема одговорност, и луѓето ги приметуваат сите детали, било да е добар или лош детал. Инцидентот кој го имав секако дека не е добар, но ме научи дека морам да обраќам внимание на секој детал од моето однесување“ изјави Еден Азар.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Белгискиот интернационалец од редовите на Челзи, Еден Азар, вели дека секој играч сака да биде популарен, но не по нач