БАБА ХЕРОЈ: Застанала пред пушката и примила куршум, за да ја заштити внуката

Храбрата баба кога видела дека Горан во нејзината внука испукал куршум од ловечка пушка, застана пред цевката и го прими вториот куршум наменет за Милица. 
Деска Мишиќ (82) од Кнежица која во петокот вечерта е убиена додека ја штитела својата внука Милица од монструмот сосед Горан Илиќ (45), вчера беше погребана.
Храбрата баба кога видела дека Горан во нејзината внука испукал куршум од ловечка пушка, застана пред цевката и го прими вториот куршум наменет за Милица.

Милица, која во нишката болница и понатаму се бори за живот, не знае дека баба и починала.
– Многу ми е жал за свекрвата, ја обожаваше Милица и животот го даде за неа. Штом ќе посакаше нешто Деска веднаш трчаше во продавница да и донесе. Многу беа поврзани, не занм како Милица ќе го поднесе тоа што баба и е убиена. Утрово се освести и веднаш праша за неа, не смеевме да и кажеме дека денес ја погребуваме – раскажува Снежана Мишиќ, мајката на Милица.
Што го натера Горан да ги убие соседите и понатаму со сигурност не се знае. Се зборува дека мотивот за убиството е неговата несреќна љубов кон Милица…

– Тој во нашата куќа доаѓа 30 години. Роднини сме и од мајчина и од таткова страна, нормално дека не доаѓа во предвид со Милица да имал било што. Една сосетка пред неколку години ни спомна дека тој е заинтересиран за Милица но ние тоа го отфрливме како оговарање. Нашата ќерка има дечко со кој се забавува веќе 5 години, многу се сакаат, со Горан немаше никаква врска – истакнува Драгослов, таткото на Милица.
Илиќ после нападот на семејството Мишиќ, извршил самоубиство. 
  
Деска Мишиќ (82) од Кнежица која во петокот вечерта е убиена додека ја штитела својата внука Милица од монструмот сосед Горан Илиќ (

Пронајдете не на следниве мрежи: