Џејн Макхлоуф (47) го шокирала своето семејство кога пред две години се омажила за Тунижанинот Мохамед (32) кој го запознала на интернет. Познанството кое траело само година дена прераснало во брак за кој за Џејн тврди дека е брак од голема љубов. Властите во Англија на овој маж не му дават виза, а вљубената сопруга прави се за да му обезбеди документи на сопругот, подготвена е поради него да премине и во ислам.Оваа жена, која има 10 внуци, побарала помош и од британскиот премиер Дејвид Камерон, неговиот заменик Ник Клег и британската кралица.
„Многумина ми велат дека е со мене поради пари, но јас знам дека тоа не е точно. Многу пати ми кажа дека не сака ниту една друга жена, дека ме сака само мене“, вели Џејн.
Таа додава дека запознала многу луѓе додека била со сопругот во Тунис, и дека сите се прекрасни луѓе.
„Кога дојде во Англија посакав да преминам во ислам, и почнав да носам хијаб. Тој не ми рече ништо, тоа беше моја одлука, сакам да сторам се за него и ќе направам“, вели таа.
Џејн во 2001 го прекинала бракот кој траел 26 години, открила деја веднаш се вљубила во Мохамед. Кога го запознала бил вистински џентлмен, и воопшто не личел на мажите во Англија.
Главната пречка Мохамед да добие виза е неговото лошо познавање на англискиот јазик и фактот дека е невработен.
Овој Тунижаин добил привремена виза да патува во земјите на Европската унија и сега работи хонорарно во Ирска.
На Џејн многу и недостига Мохамед, а нејзиното семејство по првобитниот шок го прифатило нејзиниот избраник, а нејзините внуци го викаат втор дедо.
И додека многумина се сомневаат во нивната љубов, Џејн и Мохамед се обидуваат да ја зачуваат .
„Секогаш е добра кон мене, ме почитува и ме разбира. Во нејзе го пронајдов она што не сум пронашол во ниту една друга жена, се надевам дека ќе изградиме заеднички живот“, вели Мохамед.Оваа жена, која има 10 внуци, побарала помош и од британскиот премиер Дејвид Камерон, неговиот заменик Ник Клег и британската кра



