Бабушките најверојатно ќе бидат жртви на модернизацијата на московското метро.Метрото во Москва ќе се модернизира пред почетокот на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во Русија во 2018. година.
„Бабушките на метрото“ воглавно се постари жени чија задача е да водат сметка за почитување на прописите и да им даваат упатства на корисниците на метрото. По најавената модернизација, многу е веројатно дека не би имало потреба за нив, бидејќи нивната работа би можеле да ја замени технологијата.
Од отворањето на првите линии на метрото во 1935. година тие наредуваа да се оди по десната страна од скалите, да не се потпира на рампите, да не се трча, да не се блокира премин…
-Тие се дел од московскиот фолклор. Има премногу правила, а тие често ме потсетуваа на нив. Често викаа по мене повеќе отколку мојата мајка, изјавил студентот Александар Рибков кој често се вози со метрото.
Тој додаде дека ќе му недостасуваат „бабушките“.
Московското метро дневно го користат повеќе од девет милиони луѓе, а властите соопштија дека ќе се работи на „подобри безбедносни процедури“.Метрото во Москва ќе се модернизира пред почетокот на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во Русија во 2018. година.
„Бабуш