Во средината на се погласните информации кои кружат низ голем број на европски медиуми, германски Баерн од Минхен ги демантираше најавите дека Пеп Гвардиола би седнал на клупата на овој тим.
Пеп Гвардиола е моментално најбаран на тренерската листа.
Трофејниот шпански стручњак е се поблиску до враќање на работа, клубовите стојат во ред, за еден од нив се шпекулираше дека е токму германскиот фудбалски европски гигант, Баерн од Минхен.
Сепак, директорот за медиумската служба на славниот германски тим, Маркус Хорвик, ги негираше овие информации.
„Таквите информации се апсолутна невистина. Јап Хејнкес е нашиот прв избор, во потполност веруваме во него и не размислуваме за никој друг“ изјави Хорвик.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Во средината на се погласните информации кои кружат низ голем број на европски медиуми, германски Баерн од