Клубот од Минхен го совлада Реал Мадрид во финалето со 1: 0 Штадлер изјави: „Два дена дружење со елитните европски клубови” Алијанц Арената распродадена, вкупно 140.000 гледачиПо четвртиот Audi Куп, Баерн Минхен ја освои својата трета титула, со одлична игра на домашен терен на Алијанц Арената. Во финалето, германскиот шампион го совлада Реал Мадрид со 1: 0 откако Роберт Левандовски постигна гол при крај на натпреварот. Третото место го освои англискиот претставник Тотенхем кој го победи трофејниот италијански клуб Милан со 2:0.
Клубовите од најдобрите четири европски лиги наГерманија, Шпанија, Англија и Италија за прв пат меѓусебно игра на Audi купот. Одлично организираниот куп ги исполни очекувањата на вљубениците во фудбалот. Со четири постигнати погодоци и со квалитетна игра победничкиот трофеј отиде кај Баерн Минхен, тимот кој го освои Audi купот и во 2009 и во 2013 година. „Благодарение на Баерн
Минхен, Реал Мадрид, Милан и Тотенхем имавме фантастичен турнир. Честитки до победник “, изјави Руперт Штадлер претседателот на одборот на директори на AUDI AG. и додаде: „Вистински победници се навивачите, кои беа во можност да уживаат два дена во европскиот фудбал на највисоко ниво. Влезниците беа целосно распродадени, а на Алијанц Арената секој ден присуствуваа по 70000 гледачи ”
Индексот „Audi Player“ беше уште еден победник на турнирот. Новиот систем на брендот прикажува сосема нова евалуација и ја бележи и мери речиси секоја активност на секој играч поединечно, како на пример бројот и брзината на спринтовите, ударите кон голот, прекршоци, посед на топка итн, По секој натпревар системот на најсоодветен начин објективно го определува „играчот на натпреварот”.По четвртиот Audi Куп, Баерн Минхен ја освои својата трета титула, со одлична игра на домашен терен на Алијанц Арената. Во финалето, германски