Багерот со дупнатата гума!

Колку и да ви делува смешно драги мои овој наслов погоре, имајте на ум дека колумнава ја читаат и саркастично се подбиваат со неа голем дел од шарените. Токму овој наслов им го посветувам ним, на шарените кои минатата недела имаа големи очекувања од незнајниот багерист а за нивна жал завршија со половен компресор товарен во комбе. За луѓе кои за багер слушнале само од приказни за некои си таму глупави и небањати работници кои тие кутрите сакаат да ги ослободат од режимот а небањативе упорно одбиваат обземени од стокхолмскиот синдром , не би ме зачудило да после митингот со дабл дип одбројување кој заврши како шизофрена фарса, некои од големите умни глави, идеолози на шарените не им го дале токму тоа објаснување. Режимот на Грујо фрлил шајки на патот и се дупнала „гумата“ на багерот. Тоа е таа интелектуална елита. Навистина како би знаеле дека багер се движи со гасеници. Багер, бљак. Нејсе, добро што на багерот му се дупна гумата па добар дел од луѓето со две и повеќе мозочни клетки, можеа јасно да ја согледаат импотенцијата на своите идеолошки револуционерни вождови. И кој почна да пакува куфер за на одмор, кој купуваше пиво и пуканки за да ја следи кампањата на Британците за нивната историска одлука да останат во ЕУ, главно тензијата попушти. Шарените соочени со сопствената немоќ, очекуваа барем да се израдуваат на неуспехот на #Brexit кампањата и колку толку да ги залечат револуционерните рани од домашниот терен. Но невољата никогаш не патува сама. На сланите, неписмените, небањатите, старите, селаните, со еден збор на глупавиот дел од Британската популација, гумата на неговиот багер не се дупна, и во раните утрински часови минатиот петок, Британците на демократски начин, преку референдум, решија да се збогуваат со ЕУ. Имаше во четвртокот навечер доста смешки кои пролазеа по социјалните мрежи, новинари кои заспаа со мислата дека британските „граџани“ ги победиле „селаните“ кои преферираат независност, имаше честитки ( упикувања ) до амбасадори, помошен персонал и слично и да ви кажам супер си поминавме играјќи си мајтап со луѓе кои жалеа над независноста на една голема светска сила и бивша империја. Кога се соземаа малку од шокот, почнаа оние класичните, комунистички финти, не признавајте го изборот, барајте фантоми, па шокантни табели колку паднала фунтата, берзата, како глупите селани Британски направиле катастрофална грешка и други комуњарски парадигми. И кога станаа свесни за неотповикливоста на одлуката на народот во Британија, суровата реалност пак почна да ги гризе по газот и мораа да смислат нешто креативно за по дома. Тогаш ИМ ТЕКНА. Заеби одбројување. Одбројување? Кое одбројување? Шо ултиматум? Ма се враќаме на улица да дофарбаме па што сака нека биде. Креативно нема што. Фаза одрекување. Фаза која пишмани додатен дел од популацијата околу менталната состојба на револуционерните лидери и решија дека ако мора да се трпи летното сонце, нека биде тоа со пинаколда во рака и поглед на море. Егејско по можност. Тоа не ги обесхрабри непокорните револуционери кои си рекоа, па ќе има слобода па макар низ нос им излегла на глупите и небањати луѓе кои живеат во фашизам и диктатура а кутрите не можат да го видат тоа. И си продолжија по старо,ред боење ред говори ( најверојатно и шаторите ги проветруваат ) бидејќи интелектуалната елита на државотворци не знае повеќе од две – три варијации на тема протестирам и ги рециклира до бескрај, или како што тие знаат да кажат – до слободата. И така фарсата наречена шарена револуција падна на ниво на драмолетка која веќе никого ниту плаши а да ви кажам право не се ни толку смешни веќе. До некаде се жални со оние претставите од типот Шарените бараат 100 работи и фрштат со ултиматуми, па Левица додава уште два услова, па Љуми вметнува малку Геј флејвр, а предобриот СДСМ гледа и поддржува и има само два три услови како на пример да не гласаат пензионери, глупави  и небањати луѓе, медиуми дању-ночу да пеат славопојки за нив кои тие ревносно ќе ги мерат на штоперка, и по можност, што не е и услов, партиската книшка од СДСМ да се прекрсти во избирачка легитимација. Па дајте бре шарени, за што не сметате? Па таа добар цајкан – лош цајкан игра ја знае секој што изгледал три холивудски филмови. Па таа игра 25 години ни ја сервира албанскиот политички блок. Секогаш опозиционата партија од албанските бара научна фантастика а таа што е на власт оди со 3-4 од нив за јавноста да се убеди дека „добро сме прошле“ со територијална реорганизација, ќути, можело Илирида да биде. Дајте шарени. Ја знаеме играта, вие барате брда и долини а СДСМ „само три“ дребулии. Прочитани сте. Слушам и Заев бил ептен спремен за избори во Октомври, фучат анкети од типот „Само што није“, па мириса слобода по портали, на режимот му паѓале штрафови….. Видовме се. Две години гледаме репризи и дебилни варијации на истиот виц. Прашањето е само кога вие ќе разберете дека додека не го „загреете столчето“- ништо од бизнисот. И додека чадорот шета по судови у демиџ контрол мисија, времето си тече. Тик-так беше? А околностите се менуваат. Со Брегзит, со внатрешни проблеми и ЕУ скептицизам всаден во ткивото на унијата, со најавен нов бран на бегалци и со најновиот трагичен настан на аеродромот во Истамбул каде во самоубиствен напад загинаа 50+ невини жртви, рефлекторите се тргнуваат од балканот. Од Македонија посебно. Гледате и сами што му се случува на Ердоган во Турција кој сакаше танго со три шејтана, ЕУ, САД и Русија. Ќе има ли капацитет и желба сега многупати изигруваната Турција да го амортизира летниот бран бегалци? Ќе сака ли? Дали е ова повторно голема игранка на суперсилите во која ќе страдаат земјите на балканската рута? Многу прашања. Брегзит ни даде сила, верба, дека се може кога се сака. Дека народот никој не го контролира. Следен проект е Трамп. И тука ќе се амортизира силата на чадорите и мешетарите кои ќе се многу заинтересирани во Белата куќа да седне „Женскиот Обама“ што би било бинго за елитата од 1% но трагедија за светот. Верувам во хуманизмот. Верувам во правдината. Најмногу верувам во ѕвездата која македонскиот народ ја носи во себе, во исконот и непокорот и покрај прангите и ропството од минатото. Не викаат и јаболко на раздорот и папокот на светот. Се викаме МАКЕДОНИЈА. Ние сме Македонци и ова е нашето време кое случајно се поклопува со времето кога светот и хуманизмот се на најголемиот тест до сега. Да си помогнеме себеси, да му помогнеме на светот, и багерот на глобалистите е со „дупната гума“,
The time is NOW….
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Алекс Ванко
писател, филозоф, аналитичар

Пронајдете не на следниве мрежи: