Бајката на РК Пелистер во Златните времиња

Во желба да ги потсетиме помладите генерации на некои одамнешни времиња, кога од овие простори се пишуваше и клупската, а не само репрезентативна глобална ракометна историја, после големи успеси и подеми дојде и до пад на голем број на ракометни центри, кои некогаш владееја во Европа, но сега нивната состојба е далеку полоша.
Познат по своите навивачи “Чкембари“ и неверојатната “пеколна“ атмосфера која ја создаваат 4000-5000 луѓе во салата “Младост“, битолски Пелистер откако се приклучи во Првата лига на СФРЈ во 1983-та година, беше најнезгоден терен на кој клуб можеше да гостува од Триглав до Гевгелија. Тимот од Битола беше првиот македонски претставник во Европа, кога во 1988-та година играше четвртфинале во ЕХФ купот. По распадот на поранешна Југославија во Македонија имаше тотална доминација со што говорат и четирите освоени титули во првите шест сезони во македонскиот шампионат.
Да додадеме  и дека како почеток на создавањето на Чкембари се смета 1985 година, кога на бараж натпреварот за опстанок во Првата Југословенска ракометна лига за мажи помеѓу РК Пелистер и РК Партизан од Бјеловар, од Битола се упатил навивачки караван од 21 автобус организирани во тоа време под името БМЧМ (Битолчани, Мотокари, Чкембари, Македонци).
ПРВ МАКЕДОНСКИ КЛУБ ВО ЕВРОПСКИТЕ КУПОВИ
ВИЦЕШАМПИОН НА СФРЈ
ШЕСТ ПАТИ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА
ФИНАЛИСТ НА ЧЕЛИНЏ КУПОТ
ПОЛУФИНАЛЕ ВО КУП НА ПОБЕДНИЦИ НА КУПОВИ 1996
Доминацијатата на клубовите од Скопје, ја најавија Вардар Ватростална со освоената титула во 1998-та година. Веќе следната година, во Битола беше вратена шампионската титула, која беше претпоследна во последните 15 години. Вардар продолжува да доминира, а последен пат шампионскиот трофеј го подигнаа во Битола во 2005 година. Од тогаш започна и падот, засега не можат да се остварат прилики за “подобра иднина“…

“По освојувањето на двојната круна в сезоната 2004/05, Пелистер започна да паѓа на играчки, но и на административен план. Откажаа сите спонзори, и речиси сите играчи, кои во тоа време беа репрезентативци на Македонија си заминаа, а клубот беше блиску до целосен колапс. Се формираше нов Управен одбор составен од навивачи и претседателот Евто Божиновски. Од тогаш Пелистер игра со играчи од своите училишта или ветерани кои се пред завршувањето на својата кариера“, се зборовите на битолскиот новинар Зоран Мишевски на порталот Хандбал планет, кој додаде:
“Оттогаш Пелистер има играно два пати финале во Купот, а во шампионатот беше трет зад Вардар и Металург. Минатата сезона, за прв пат не избори пласман во Европа. Единствениот обид клубот повторно да оживее, беше во 2011 година. кога спонзорот на клубот од најдобрите времиња, Силјан Мицевски се обиде повторно да влезе во клубот. Доведе и засилувања, и тренерот Ратко Ѓурковиќ, но тоа траеше само три или четири месеци. Оттогаш, клубот повторно се бара себеси и не му се пишува добро, ако не најде спонзор на Пелистер, достоен на традициите и зелена армија навивачи“.
ПОСЛЕДНИОТ ТИТУЛА ОСВОЕНА ВО 2005 ГОДИНА
ОВАА СЕЗОНА ЗА ПРВ ПАТ НЕ УЧЕСТВУВАШЕ ВО ЕВРОКУПОВИТЕ
ГО ЗАГУБИ И МЕСТОТО ТРЕТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ
“ОСУДЕН НА ДЕЦА И ВЕТАРАНИ“
 извор:sportarena.mk
Во желба

Пронајдете не на следниве мрежи: