Итно е преместена на одделението за интензивна нега кога постана јасно дека пати од сепса, познато како труење на крвта.Со лижење домашните животни и изразуваат љубов и приврзаност на своите сопственици, но еден таков случај во Велика Британија „за влакно„ можело да заврши трагично.
Џон Оксфорд, професор по вирологија и бактерологија на факултетот Квин Мери во Лондон неодамна изјави за британските медиуми дека плунката на кучето може да биде опасна
-Не се работи само за тоа што содржи плунката. Кучињата пола од својот живот мирисаат валкани ќошеви или измет на други кучиња, па затоа носот им е преполн со бактерии и вируси- вели Оксфорд.
Жена од Велика Британија научи дека бакнувањето на својот миленик може да биде штетен и тоа на потешкиот начин. Откако се заразила од плунката завршила неколку недели на интензивна нега.
Случајот „бакнежот на смртта„ е опишан на научниот портал BMJ. Прв симптом на зараза бил неразбирлив разговор на жената со нејзиниот родина,по што истиот ја наговорил да викне Итна помош. Додека Итната помош пристигнала, жената изгубила свест. Бидејќи и пружиле помош, во болницата состојбата и се стабилизирала. Рекла дека немала никакви симптоми освен главоболки претходната ноќ.
По неколку дена состојбата започнала да се влошува и се случилоо нешто опасно- нејзините бубрези започнале да откажуваат. Следеле големи компликации, намалена функција на црниот дроб но и респираторни проблеми.
Итно е преместена на интензивна нега кога постана јасно дека пати од сепса,познато како труење на крвта.
Сепсата ја добила од ретката бактерија Capnocytophaga canimorsus која се наоѓа во плунката на кучињата и мачките. Лекарите заклучиле дека се заразила од својот миленик кој ја излижал по лицето.
Едвај извлекла жива глава, а по две седмици e пуштена на домашно лекување со антибиотици.
Во Британија се забележани 13 слични случаеви, а оваа статистика е актуелна и во САД.Со лижење домашните животни и изразуваат љубов и приврзаност на своите сопственици, но еден таков случај во Велика Британија „за влакно&bdquo