„БАКШИШ ИПОЛ“: Келнерката се расплакала кога видела колку пари и оставил нејзиниот „ангел чувар“

Келнерка од Флорида добила голем бакшиш за многу мала сметка. Најпрвин мислела дека се работи за 10 долари а потоа здогледала уште две нули.Кери Ванардој (22), келнерка во ресторанот „ WingHouse “  добила бакшиш од 1.000 долари за сметка од 29 долари.
„Не сум навикната на тоа. Најпрвин мислев дека се 10 долари, бидејќи тоа беше доста голем бакшиш за таа мала сметка. Но потоа видов уште две нули“- кажува таа и признава дека се расплакала кога сфатила колку многу пари добила.
Оваа девојка која работи две работи веќе пет години е келнерка во овој ресторан. До сега живеела во мал стан  а сега со својот двегодишен син и момче ќе можат да се преселат во поголем стан.  
Дарежливите странци во нејзиниот ресторан нарачале крилца , сок и сирење а во истиот ресторан предтоа имале оставено бакшиш од 500 долари.
„Жената ми рече дека ќе биде мој агел чувар и ако некогаш било што ми притреба да и кажам, а јас ништо не направив за нив, па ми беше се многу чудно“- кажува збунетата девојка.
Менаџерот на ресторанот Дејвид Ешенфелдер, кој со оваа работа се занимава веќе 25 години , кажува дека вакво нешто никогаш не му се случило и дека ова му ја вратило вербата во луѓето.
Погледнете го видеото… 
ABC US News | World NewsКери Ванардој (22), келнерка во ресторанот „ WingHouse “  добила бакшиш од 1.000 долари за сметка од 29 долари.
„Не

Пронајдете не на следниве мрежи: