Балдовалиев: Не сме наивни како што мислевте, не потценивте, сега ве очекува пекол во Скопје!!!

Македонскиот претставник во Лига Европа, веднаш по натпреварот со Хајдук, на прес-конференцијата излезе со ветувачки изјави каде од нашиот табор велат дека во Скопје ќе одиграат уште подобар натпревар, а Хајдук нема што да бара на него.
„Не потценивте нас, не сме ние толку наивни како што мислевте дека сме. Очекувајте тешко гостување во Скопје. По натпреварот во Сплит, ние сме тие кои треба да жалат, бидејќи имавме прилика за многу подобар резултат. Хајдук победи прилично среќно, но тоа е фудбалот. Веруваме дека во Скопје ќе победиме и ќе ја поминеме оваа рунда“ вели напаѓачот на Турново, Зоран Балдовалиев.
Извор: www.index.hrМакедонскиот претставник во Лига Европа, веднаш по натпреварот со Хајдук, на прес-конференцијата излезе со ветувачки и

Пронајдете не на следниве мрежи: