Џемо Хасани бил лидер на балистите, соработници на италијанската и албанската фашистичка војска во Македонија и бил баран од ОЗНА поради грабежи и убиство на повеќе од илјада Македонци од селата во западниот дел на Македонија, како и дваесетина партизани кои биле заробени и стрелани од неговите балисти. Џемо Хасани бил лидер на балистите, соработници на италијанската и албанската фашистичка војска во Македонија и бил баран од ОЗНА поради грабежи и убиство на повеќе од илјада Македонци од селата во западниот дел на Македонија, како и дваесетина партизани кои биле заробени и стрелани од неговите балисти.
Во март 1945 ОЗНА воспоставува контакт и соработка со Риза Раифи, роднина на телохранителите на Џемо: Абдула Зибери, Абдула Амити и Назиф Амити. Соработникот Риза Арифи се обврзал со телохранителите на Џемо, да го заробат или ликивидираат водачот на балистите. ОЗНА, за возврат, на горанците им ветила слобода, доколку не продолжат да се занимаваат со ограбување.Неколку дена пред 1 мај 1945, офицерите на ОЗНА одат во Гора, на состанок со соработниците. Неговите телохранители: Зибери и Амити, доаѓаат на средбата и пред офицерите на ОЗНА ја покажуваат главата на командантот Џемо. Задачата ја извршиле.Официјално, за заштита на соработниците, ОЗНА објавува дека припадници на ЈНА го убиле Џемо Хасани во акција. Неговите вистински убијци Абдула Зибери, Абдула Амити и Назиф Амити, не го почитуваат договорот. Наместо да се вратат во селото и да продолжат со мирен живот, тие набргу се приклучуваат на терористичката група на Шаип Садику од Албанија. Во 1948, групата на Садику по налог на албанската тајна полиција Сигурими влегува во Македонија и во Косово и врши вооружени напади врз војници на ЈНА. Во една од акциите, тројката која го убила Џемо Хасани по налог на ОЗНА е заробена и осудена на казна затвор.
балисти
Дејствувањето од позиција на албански национализам и сепаратизам во Југославија (Македонија и Косово), бележи три периоди: прв – од 1945 до Резолуцијата на Информбирото во 1948, дејствуваат поразените соработници на италијанската и албанската фашистичка влада; вториот – од 1948 до Брионскиот пленум, и смената на Ранковиќ во 1966 – дејствување во соработка со советската НКВД (КГБ); и третиот, и последниот, од крајот на осумдесеттите па наваму, кога целокупната организација ја презема екстремната емиграција и емигрантскиот центар од САД, со својата европска централа во Швајцарија.Во тој период се јавува организацијата УЧК, чие прво дејствување е забележано – не на Косово, туку – 1992 година во Скопје, кога УЧК е откриена од македонската СДБ. Во деветчлената група, уапсена поради шверц со оружје, бил и генералниот секретар на ПДП, Митхат Емини како и заменик-министерот за одбрана Хаскај.Емини е осуден на казна од осум години, колку што добил и Хасан Агуши. Хусеин Хаскај, тогашен заменик-министер за одбрана на Македонија од ПДП, бил осуден на шест години затвор. Подоцна, со акт на помилување од претседателот Киро Глигоров, групата е ослободена од издржување затворска казна.
албанци нацисти на протести
Најголем проблем за ОЗНА (УДБА и КОС) претставуваат соработниците на фашистичката влада во Албанија и Италија, балистите (Бали комбатар, седиште на ЦК во Тирана). Политичкиот комесар на балистите во Македонија бил Кадри Сали од Гостивар. Вооружените групи во Македонија, кои во 1945 година броеле над 8.000 припадници, ги предводел Џемо Хасани Симница. Освен нив, неколку години по војната УДБА и КОС имаат перманентни судири со организацијата НДШ (Национална шиптарска демократска организација). Идеолошки, НДШ се темели на Втората Призернска лига и Бујанскиоиот конгрес. Основата на таа идеологија е дека сите Албанци треба да се борат заедно со една цел: приклучување на Косово и северозападниот дел од Македонија, како и северозападниот дел од Грција, кон матичната држава Албанија.Кога на 8 септември 1943 Мусолини капитулира, организацијата Бали комбатар се поврзува со Британците, и со нив договара подршка. Пазараот бил Албанија и балистите да го поддржат британското воено истоварување на Јадранот, а за возврат Британија ќе им дозволи присоединување на Косово и делови од Македонија кон Албанија.Тито и Москва биле против идејата Британија и САД да влезат со војска на јадранскиот брег и оттаму да се упатат кон Берлин. Тирана и балистите, пак, идејата ја поддржувале, секако со определена цена за тоа.Стотина балисти се обучувани во воени центри во јужна Италија, а потоа вратени во Македонија и на Косово за извршување воени дејствија против партизанското движење и југословенски власти на чело со Тито.И по 1948, под истите услови: присоединувањето на Косово и делови од Македонија кон Албанија, комунистичкиот албански лидер Енвер Хоџа, и неговата Партија на трудот, ќе му помагаат и на Сталин и на неговата тајна полиција НКВД (КГБ), да ја дестабилизира Југославија.
протести во Албанија за создавање на Голема држава
ФОРМИРАЊЕ И ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НДШКемал Искендери по германската капитулација, соработувал со Ариф Глобочица или Ариф Капетан (ликвидиран од ОЗНА во 1947 година) и неговата вооружена група која дејствува во областите на Тетово, Скопје и Ѓорче Петров против партизанското движење, а подоцна и со напади врз милицијата и државните органи на Македонија.Во 1945, летото, тие се сретнале во селото Танушевци, близу границата со Косово заедно со Исен Трпеза, Љуан Гаши, Дин Хоџа, Ибраим Аки и Сулејман Асипи. Тука договориле свикување на 3. Конгрес на НДШ за Косово и Македонија. (Првиот конгрес бил одржан во Србија, на планината Копиљача, а вториот во Гњилане). Тие биле во координација со централното раководство на НДШ во Бари, Италија. Исеин Трпеза им ги пренел инструкциите од раководството и политичката платформа во која стои дека се тие продолжение на Бали комбатар. Името, според него, морало да се менува затоа што Бали комбатар (балисти) било компромитирано по соработката со италијанската и албанската фашистичка влада за време на војната. Потоа, секој од нив формирал своја група на соработници вклучени во работата на НДШ и вооружените напади врз припадници на македонската полиција и ЈНА. Оружјето било чувано во куќата на Џемаил Хасани, милиционер од Скопје. Хасан Биљали бил задолжен за соработка со Џон Серечи и Ајет Грури, Косово. Притоа, дадени им се имиња за врска во конзулатите на Италија и Велика Британија во Скопје со кои требало да соработуваат и да добијат поддршка. Овие сознанија се темелат на документите на македонската УДБА, како и исказите кои учесниците потоа ги дале пред судот.Судскиот процес против овие лидери на НДШ во Македонија и Косово е одржан во Окружниот суд Скопје, од 26 јануари до 4 февруари 1947. Кемал Искендери бил осуден на смрт, а потоа казната му е заменета со 20 години робија. Азем Морани, исто така, добил смртна казна, а Хасан Биљали е осуден на 20 години затвор.Исен Трпеза и Љуан Гаши успеале да избегаат во Грција. Џон Серечи и Ајет Грури биле убиени во акција на УДБА во Дреница, Косово.
балист убива православен свештеник
ОРГАНИЗАЦИОНАТА ПОСТАВЕНОСТ И ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА ФАШИСТИЧКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА БАЛИ КОМБЕТАРФАШИСТИЧКАТА БАЛИ КОМБЕТАР И ЕГЗОДУСОТ НА МАКЕДОНЦИТЕНа денот кога е објавена капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) Бали Комбетар заклучил спогодба со Германците и објавил дека Албанија е обединета и независна, оправдувајќи го привременото присуство на германските сили како потреба на борбата против англоамериканско-советската коалиција. Со овој договор Бали Комбетар се ставил во отворена службан на Германците и ги прифатил германските офицери како главен команден кадар на своите оружени формации или како инструктори27 ноември 2004 година, Скопје Македонија – Отворената денационализација и асимилација на македонскиот народ и се поприсутниот терор вршен над населението од страна на качачките банди и балистите биле причина да дојде до масовно иселување на Македонците од територијата на Западна Македонија. Тој процес на иселување посебни драматични димензии добил од есента 1942 година. Така, во овој период (ноември – декември 1942 година) само од кичевска и галичка околија на територијата под бугарска власт преминале преку 300 Македонци.Во арпил 1943 година Б. комбетар дефинитивно ја поставил својата организациона форма која изгледала вака: Во Тирана било седиштето на Централниот комитет, во сите седишта на окрузите имало т.н. окружни комитети, додека во околиите – поткомитети, а во секое село селски одбор. Окружните комитети во поголемите градови биле поделени на реонски комитети (или поткомитети) кои имале свои групи (од 10 до 15 души) раководени од постари и поистакнати балисти. При реонскиот комитет дејствувале и организирани младински групи, вооружени со огнено оружје, а биле користени за борба против народноослободителното движење, како и за вршење на грабеж и насилно земање помош за балистите. Најистакнат политички раководител на тукашната балистичка организација бил Кадри Сали, претседател на организацијата во Гостивар и претседател на Фашистичката партија во Гостивар, член на Корпоративниот комитет во Тирана и член на Окружниот комитет на организацијата на Косово. Најголем замав ширењето на Организацијата имало со појавувањето на Џемаил Хасани – Џемо (1908-1945) од с. Симица, Гостиварско. Најпрвин Џемо во 1942 година, пред појавувањето на балистичката организација, со околу 40 души Албанци се одметнал в шума, наводно за борба против Италијанците, а, всушност, оттаму вршел терор врз македонското население.Италијанците, за да го искористат за борба против партизанските единици во Македонија, го поткупиле за големи пари, а му дале и чин мајор. Неговата месечна плата изнесувала околу 50.000 леки, додека членовите на неговата група уживале многу привилегии. Затоа, тој целосно се ставил во служба на италијанската власт. По доаѓањето на Германците, тој и со нив ја продолжил соработката. Со благослов на Италијанците, а потоа и на Германците, балистите вршеле такви злосторства, насилија, пљачкосување и друго, што предизвикало страв и иселување на македонскиот народ. Во Кичевска околија балистите ги раководел Мефаил Еипов од с. Зајас, кого најпрво Италијанците го унапредиле во чин капетан, а потоа и Германците го исползувале за свои цели. На денот кога е објавена капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) Б. Комбетар заклучил спогодба со Германците и објавил дека Албанија е обединета и независна, оправдувајќи го привременото присуство на германските сили како потреба на борбата против англо-американско-советска коалиција. Со овој договор Б.Комбетар се ставил во отворена служба на Германците и ги прифатил германските офицери како главен команден кадар на своите оружени формации или како инструктори. Водачите на балистите започнале со мобилизација на албанското население на верска основа и под паролата за создавање на Голема Албанија, дозволувајќи им притоа на своите приврзаници да пљачкаат слободно и да вршат терор. Џемо Хасани ги собирал масите под паролата: “Бидете со мене и тргнете во борба против партизаните за да не ве мобилизираат Германците за источниот фронт”. Луѓето ги вооружувал со италијанско оружје. Тоа било причина македонското население, за да се спаси од натамошните непријателски активности против него, да бега на територијата под бугарска окупација. Балистичката организација во Западна Македонија во 1944 година нараснала во оружена сила со околу 9-10.000 членови. Наоружани од Германците, воделе тешки борби со Македонската војска. Покрај тоа, имале огромни привлегии, поради што на крајот станале добро организирана оружена организација, која била единствена власт и како таква ги спроведувала и ги штитела “законите” на албанската власт во Западна Македонија.
балистички злосторства
Нејзиното дејствување било директно на терен, и тоа не само политички и пропагандно, туку и со оружени дејства. Резултатите од нивното проширување и дејствување по однос на бројната состојба на македонскиот народ биле катастрофални, бидејќи цели семејства и села, за да спасат жива глава, бегале од своите огништа. Тоа било причина да се промени демографската состојба на населението во полза на албанското население, како и промена на културните, социјалните, економските и други прилики во сферата на општественото живеење. При пребројувањето на населението во 1942 година Албанците не им дозволувале на Македонците да се запишат како Македонци, туку како Срби или Бугари. Веднаш по окупацијата албанската квислиншка власт со сите средства се ангажирала за албанизација на цела Западна Македонија и дискриминација спрема целокупното неалбанско население. Првиот атак на албанизација бил во насока на менување на презимињата и личните имиња. Тие морале да добијат албанска форма. Со еден распис на Министерството за внатрешни работи биле забранети наставките “иќ”, “ов”, “ски” и биле третирани како остатоци од Кралството Југославија. Така, во сета административна комуникација била дозволена во употреба само албанската форма со завршеток на “и”, “а” и “у”, додека многубројните топономи во Западна Македонија добиле албанска форма, од што јасно произлегувала великоалбанската тенденција на квислиншките власти за тотална албанизација и создавање етнички чиста територија. Отворената денационализација и асимилација на македонскиот народ и се поприсутниот терор вршен над населението од страна на качачките банди и балистите биле причина да дојде до масовно иселување на Македонците од територијата на Западна Македонија. Тој процес на иселување, посебни драматични димензии добил од есента на 1942 година. Така, во овој период (ноември – декември 1942 година) само од кичевска и галичка околија на територијата под бугарска власт преминале преку 300 Македонци. По одржувањето на Втората призренска лига, во септември 1943 година, односно по капитулацијата на Италија, настануваат тешки денови за македонскиот народ. Таму, по обемните дискусии, биле прифатени, а потоа дадени и насоки кои се преточиле во директиви “… за борба против христијаните кои сакаат да организираат своја држава. Партизан или друго лице, кое ќе се фатело во борба против Голема Албанија, веднаш ќе било убиено. Така Комитетот бил многу лошо настроен кон христијанското население и издавал наредби тоа да се уништува и протерува, а неговата земја да ја земаат Шиптарите”. Сите овие мерки биле дел од големата замислена акција на албанските квислинзи и на балистите за почнувањето на континуираниот процес кон конечно истребување на македонското население. Отцепено од другите делови на Македонија со вештачки создадената граница меѓу италијанско-албанските и бугарските окупатори и изложено на систематска големоалбанска денационализаторска политика и на масовен терор и пљачкосувања од башибозуците од Албанија и од балистите во Македонија, македонското население од сите краеви, а најмногу од Гостиварско (посебно во Горна Река, Мавровско, Мијачко и некои планински села во Горни Полог) ги изгубило речиси сите надежи и можности за натамошен живот и опстанок на своите родни огништа, кои жилаво ги бранеле за време на петвековното турско ропство и во поранешните неколку векови од разните други странски завојувачи (византиски, бугарски, српски итн.). На тој начин “започнал процесот на миграционите движења на населението од спомнатите села во такви размери, какви во поранешните векови се нема случено. Повеќето селски домаќинства нашле привремено засолниште во Гостивар и неговите најблиски рамничарски села, а некои се префрлиле преку вештачки создадената граница во Скопје и во другите градови на Македонија и Бугарија”. Сето тоа оставило трајни последици во однос на бројната состојба на македонското население во Западна Македонија. Тоа на крајот резултирало со драстично намалување на населените места во Западна Македонија (села и градови) со Македонци, кое првпат по толку векови и милениуми се спровело за време на Втората светска војна, променувајќи ја на тој начин драстично демографската структура на штета на дотогаш мнозинското македонско население.
Џемо