Четиринаесет лица се приведени, а запленети се околу 40 парчиња различно огнено оружје, шест килограми експлозив, 11 рачни гранати, 1.300 парчиња најразлична муниција, 52 килограми марихуана, 14,5 килограми злато и 250.000 евра, во регионалната операција „Балкан тригер“ (Balkan Trigger) што ја спроведе Интерпол од 17 до 19 април со цел спречување на нелегалната трговија со огнено оружје во земјите од Западен БалканКако што информира денеска МВР, „Балкан тригер“ траела 48 часа, а биле ангажирани 5.000 полициски службеници распоредени во земјите кои беа дел од оваа операција – Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора.
Заради зголемената загриженост за состојбата со недозволената трговија со огнено оружје од балканскиот регион во Европа, кое, како што се наведува, се користи за терористички напади, клучниот фактор за спроведување на оваа операцијата на Интерпол е утврдување на силна мрежа за поефикасно сузбивање на овој вид криминал.
Околу 43.000 лица беа сопрени на граничните премини, транзитните патишта и посебно определените места за контрола, по должината на целиот регион, со повеќе од два милиона проверки извршени во дата базите на Интерпол, вклучително и базите за потрага по лица, изгубени и украдени документи и украдени патнички моторни возила, соопшти МВР.
– Неодамнешните терористички напади како во Европа, така и во светот, каде како примарно повеќе се користи огненото оружје од експлозивот, покажа дека потребно е да се направи поефективна контрола, вели Тим Морис, извршен директор во Интерпол.
Целта на операцијата „Балкан тригер“ е да се создаде цврста основа која ќе биде појдовна точка за натамошните активности на земјите во борбата со недозволена трговија со огнено оружје. Покрај полициските службеници кои дејствуваа во сопствените земји, во регионалниот координативен центар во Сараево партиципираа и полициски службеници од земјите учеснички, а кои дејствуваа во корелација со координативниот центар во Генералниот секретаријат на Интерпол.
– Податоците добиени од операцијата понатаму ќе бидат дополнително анализирани со цел добивање на почиста слика за можни потенцијални поврзаности со други кривични дела и терористички активности во регионот и пошироко, се вели во соопштението од МВР.Како што информира денеска МВР, „Балкан тригер“ траела 48 часа, а биле ангажирани 5.000 полициски службеници распоредени во земји