Балканец се најал ќебапи и ждригнал, па бил казнет со…

Гласното  ждригање на јавни места во Австрија се казнува, во што на почетокот на месецот се уверил еден виенски угостител кој, поради ждригање добил казна од 70 евра.Тој на својот Фејсбук профил се пожалил дека бил казнет затоа што гласно ждригал на станицата Пратерштерн, а на негова несреќа во близина се наоѓал полицаец кој го слушнал и оценил дека се работи за прекршување на Параграфот 1 од безбедносниот закон на покраината Виена.
– Вие на 7 февруари во 17:15 часот во вториот виенски округ Пратершерн го прекршивте Законот, односно јавниот ред, со гласно ждригање во близина на полицаец, се наведува во образложението на одлуката за казна што ја добил на домашна адреса.

Во продолжение на објавата на Фејсбук во кој се обидел да се оправда, Виенчанецот пишува дека јадел ќебапи со кромид и потоа „изгубил контрола“ над себе и ждригнал.
Според него, на 20 метри од „местото на злосторството“ тој почувствувал рака на неговото рамо, а кога се свртел видел полицаец кој му соопшти дека ќе поднесе пријава против него поради крешење на јавниот ред.
Тој прво мислел дека полицаецот се шегува и преку социјалните мрежи и порачал на полицијата: „Ви благодарам што се грижите нашиот крај да биде безбеден“.  Но, кога ја добил казната заклучил дека „ѓаволот ја однел шегата“.Тој на својот Фејсбук профил се пожалил дека бил казнет затоа што гласно ждригал на станицата Пратерштерн, а на негова несреќа во близина се наоѓал

Пронајдете не на следниве мрежи: