Експертот за безбедност Предраг Ќераниќ, предупреди дека Балканот е наредно жариште ако Дамаск падне во рацете на џихадистите на Исламската држава, бидејќи доброволците кои од балканските земји отишле да се борат во Сирија и се вратиле дома, веројатно ќе продолжат да се борат за истата идеологија.- Ако го заземат Дамаск, а тоа и може да се очекува од борците на Исламската држава кои се стимулираат во таа насока, треба да очекуваме меѓународна конференција за Блискиот Исток, која за резултат би можела да има лобирање за меѓународно признавање на Исламската држава. Во тоа прва ќе биде Турција и одредени западни земји, оценил Ќераниќ.
– Нивна примарна мисија е да се создаде „Голема Албанија“, која во првата фаза би требало да се прошири на сметка на Македонија и Србија, а во втората фаза и на територијата на Грција. Црна Гора ќе биде поштедена, бидејќи постигна договор со НАТО за да добие повик за членство. Новиот калифат треба да го очекуваме во Закавказ, кадешто преку Турција ќе се префрлат ударни групи на Исламската држава.
Тој истакнал дека безбедносната состојба на Балканот е загрижувачка и дека ќе се продолжи дестабилизацијта на западниот Балкан кој е „полигон за различни експерименти“.
– Нови терористички напади може да се очекуваат наесен, напоменал Ќераниќ.
Зборувајќи за терористичките закани на Балканот, тој оценил дека балканските земји ќе можат да им се спротивстават на предизвиците и заканите дури тогаш кога меѓусебно ќе се здружат, односно да остварат целосна и искрена соработка.
– Во таа смисла, потребно е да се направи лак Бања Лука-Белград-Скопје. Мислам на мостови, односно врски во медиумска, безбедносна и политичка смисла помеѓу Македонија, Србија и Република Српска, истакнал Ќераниќ.
Говорејќи за врската помеѓу будењето на радикалниот ислам и „обоените револуции“ во арапскиот свет, Ќераниќ истакнал дека обоените револуции се современ механизам со кој се руши непосакуваната власт, но и држава, кои почнуваат со таканаречени ненасилни протести, а секогаш завршуваат со насилство.
„Што остана од Либија, Сирија, Украина …?“. Гадафи залудно праќаше апели дека се бори против Ал Каеда. НАТО од воздух ја бомбардираше Либија, а преку копно страдаше од Ал Каеда. И сирискиот претседател Башар ал Асад би настрадал од НАТО, ако не се замешала Русија.
Тој напомена дека Исламската држава и Голема Албанија се две споени точки и дека нивното создавање треба да се набљудува во контекст на геополитичко одмерување на силите помеѓу САД и ЕУ од една, а Русија и Иран од друга страна.- Ако го заземат Дамаск, а тоа и може да се очекува од борците на Исламската држава кои се стимулираат во таа насока, треба да очекуваме меѓународн